На социјалните мрежи неделава беше објавена фотографија од порака која ја пронашла една девојка на својот автомобил на паркингот. Имено, таа не го платила паркирањето, па некое непознато момче, кое видело дека доаѓа контролорот, платил за два часа паркирање.
„Ивана има месечен паркинг за зоната кој престанал да важи вчера, но таа не видела. Кога се вратила до автомобилот, ја видела пораката и се воодушевила“, коментира нејзината пријателка за „b92“.
„Контролорот тргна да ви напише казна па платив за два часа паркинг со СМС (до 12.10). Кога ќе се најдете во мојата ситуација помогнете и вие некому да не му напишат казна“, пишува во пораката.
Девојката сепак добила казна бидејќи се вратила до автомобилот по платените два часа. Но, сепак, овој гест ѝ го разубавил денот.