X
 08.04.2015 Живот

Гуелта Д'Арчеи - Оазата во срцето на Сахара

Гуелта Д'Арчеи е оаза која се наоѓа во самото срце на Сахара. Гелта е типична за пустинските подрачја, а настанува кога формираните подземни води се излеваат на површина и создаваат трајни базени и резервоари.

 

оаза


Гуелта Д'Арчеи се наоѓа во Енеди, во североисточен Чад, сокриена позади кањонот кој ја штити од суровите пустински услови. Секој ден ја посетуваат стотина камили кои овде доаѓаат за да се напијат вода и да одморат, пред да продолжат преку Сахара.

Камилите не се единствени животни кои можат да се пронајдат во оваа пустинска оаза. Во водите се наоѓаат мал број на нилски крокодили кои сведочат за тоа дека Сахара некогаш била далеку „повлажно“ подрачје отколку денес. Оваа оаза претставува една од последните останати колонии на крокодили во оваа пустина. Тие се хранат со риби и алги. 

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот