X
 20.10.2021 Технологија

Компанијата „Фејсбук“ планира да го смени името

„Фејсбук“ планира да го смени името наредната недела, откриваат американските медиуми. Новото име треба да го одрази фокусот на компанијата на таканаречениот метаверзум, што претставува виртуелно опкружување во кое луѓето може да комуницираат меѓу себе со технологии за променета реалност, виртуелна реалност и слично.

Главниот извршен директор на компанијата, Марк Закерберг, планира да дискутира за новиот бренд на компанијата на конференција на 28 октомври, но новото име може да биде објавено и порано.


Фото: Pixabay

Новата компанија би можела да претставува голема корпорација во која ќе бидат собрани повеќе компании, како „Фејсбук“ „Инстаграм“, „Вацап“ и „Окулус“.

„Фејсбук“ зборува за метаверзумот од купувањето на „Окулус“, компанија што прави очила за виртуелна реалност. „Фејсбук“ најави вработување на околу 10.000 луѓе од ЕУ во следните пет години кои ќе работат на метаверзумот.

Извор: Cnet
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија