X
 16.06.2021 Живот

Ако читате 15 минути на ден, ќе го подобрите здравјето на вашиот мозок

Кога станува збор за заштита на мозокот од знаците на стареењето, веројатно знаете дека физичката активност, здравата исхрана и висококвалитетниот сон се она што ни е потребно на сите.

Но, излегува дека читањето, активност што многумина ја сакаат, е исто така одлично за краткорочното и долгорочното здравје на мозокот. Уште подобро, не треба да седите над книгата со часови за да ги видите придобивките.

Неврологот Кристен Вилеумјер на поткаст зборуваше за тоа како читањето 15 до 30 минути на ден може да ви помогне и да ви донесе здравствени придобивки што го подобруваат здравјето на мозокот.

- Кога мозокот учи, тој формира когнитивни мапи. Колку повеќе читате додека стареете, толку повеќе ќе го одржувате вашиот мозок остар - вели Кристен.

Колку повеќе нервни врски остварува мозокот со текот на времето, толку поздрав е вашиот ум на долг рок. Д-р Вилеумјер вели дека не мора да читате специфичен жанр, на пример, класична литература за да ги почувствувате придобивките. Можете да читате што сакате.

Не само што ќе имате поголема веројатност да се фокусирате и навистина да обрнете внимание, туку ќе имате и поголема шанса да читате подолго ако уживате во книгата. Без оглед дали романсите или биографиите се ваш омилен жанр, отворете ја книгата и поставете си тајмер од 15 минути, доколку ви е потребен.

Многу истражувања ги поткрепуваат тврдењата на д-р Вилумјер. Претходните истражувања покажуваат дека активности како читањето можат да го подобрат здравјето на мозокот како што стареат луѓето и да спречат појава на Алцхајмерова болест. Покрај тоа, може да има индиректно влијание врз вашата когнитивна функција, помагајќи им на други работи што се клучни за одржување на остриот ум. На пример, истражувањата покажуваат дека читањето го подобрува квалитетот на спиењето и го намалува стресот, кои се клучни компоненти на еден силен мозок.

Без оглед на тоа кои книги ви се омилени, одлично е да знаете дека толку едноставна и релаксирачка активност може да има таков ефект.

Извор: Womansworld.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот