X
 13.04.2015 Образование

Средношколски пленум: Бојкотот на средношколците продолжува!

Соопштение за јавноста

Почитувани соученици, родители, професори, директори, министри, сограѓани,

Ви соопштуваме дека бојкотот на средношколците ПРОДОЛЖУВА УТРЕ! Истиот ќе се одвива се додека надлежните институции се однесуваат игнорантно кон нашите барања и одбиваат да договорат средба на која ќе се дискутираат најновите измени во законот за средното образование.


 

Пријавите кои стигнаа за новиот концепт на полагање на државна матура, во кои стои дека математика е задолжителна само за природно математичките смерови СЕ НЕВАЛИДНИ, бидејќи рокот за потпишување на истите беше 09/04/2015, но прописот за новиот концепт се уште не е излен во службен весник. При измена на закон, истиот треба да излезе во службен весник, по 8 дена да стапи на сила и потоа да се потпишуваат било какви пријави што ги прави постоечките невалидни.

Бојкотот, како радикална мерка е избран поради што двата марша кои беа организирани, беа игнорирани од институциите. Причината поради која бојкотираме е воведување на предметот математика како задолжителен предмет, електронското тестирање на трите екстерни предмети за полагање матура кое што претставува проблем поради што заедно со полагање на интерниот предмет, матурантите треба да полагаат 7 испита во рок од 14 дена, како и нефункционалноста на екстерното тестирање.
Нашите барања се да се врати стариот концепт на матура кој опфаќа личен избор на предмети за полагање, а не наметнување на предметот математика, укинување на електронското полагање кое го „побива“ концептот на полагање на сите матуранти во исто време во цела Македонија како и ставање на законот за екстерното тестирање во мирување кое ја тестира само меморијата на учениците а не вистинкото знаење со кое што тие се стекнале во текот на целата година.

Бојкотот ќе се одвива се додека не добиеме датум за средба со министерот за образование и наука, а доколку се оствари средба, бојкотот ќе биде ставен во мирување со што неговото продолжување целосно ќе зависи од исходот од средбата!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование