X
 25.12.2018 Култура

Ако барате книга како новогодишен подарок, Бил Гејтс има неколку предлози

Бил Гејтс е познат по тоа што препорачува многу книги. Но, за 2018 година има кратка листа со пет наслови на книги кои предлага да ги прочитате или, пак, да ги подарите некому.

- Обично не земам предвид дали некој наслов би бил добар подарок кога ја составувам листата со книги за крајот на годината, но овогодишниот избор може да се искористи како подарок - пишува тој.

гејтс
Фото: Getty Images


„Еducated“, Тара Вестовер

Книгата е всушност мемоари на Вестовер и ја раскажува приказната за нејзиното растење во нетипично мормонско семејство. Вестовер не видела ниту доктор ниту училница до нејзината 17. година, но завршила запишувајќи се на колеџ и докторирајќи на „Кембриџ“.

„Army of None“, Пол Шаре


Шаре бил офицер во американската армија кој бил дел од неколку тури и подоцна работел во канцеларијата на секретарот за одбрана. Неговата книга е поврзана со автономно оружје што може да избере цели без луѓето воопшто да се инволвирани.

„Bad Blood“, Џон Керироу

Книгата ги следи случувањата поврзани за подемот и падот на корпорацијата „Теранос“. - Измамата, корпоративната интрига, уништеното семејство и пропаѓањето на една од најголемите фармацевтски компании едноставно ме изненадија - пишува Гејтс.

„21 Lessons for the 21st Century“, Јувал Ноа Харари


За Гејтс, овој филм е класика што ја препорачува на сите. Според него, во најновата книга на Харари главната цел е дека најголемите проблеми на светот ќе бараат меѓународни одговори.

„The Headspace Guide to Meditation and Mindfulness“, Енди Пудикомб


Гејтс отсекогаш бил огромен обожавател на ТВ-серијата „Наркоси“ и слушал музика од „Ју2“; Вили Нелсон и „Битлси“. Но, во текот на неговите 20-ти години престанал да гледа телевизија и да слуша музика цели пет години, како дел од планот да одржува фокус.

Очигледно успеало. Но, според него, сега полесно би било да научел да медитира и да се посвети на медитацијата 10 минути дневно. Затоа ја препорачува токму оваа книга.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура