X
 16.04.2015 Образование

147 студенти легнаа во центарот на Загреб

На почетокот на месецов на универзитет во Кенија беа убиени 147 студенти.


Во 14 часот и 7 минути, точно 147 студенти легнале на земјата пред Хрватскиот народен театар. Тие останале на земјата 147 секунди за да се посвети внимание на студентите и студентките кои беа убиени во универзитетот во Кенија.

„На 2 април годинава во Кенија беа убиени 147 студенти на универзитетскиот кампус. Речиси ист број лица загинаа при уривањето на авионот на авиокомпанијата Germanwings. Овие две случки се разликуваат во тоа што сосема различно беа претставени во јавноста“, пишува „Студентски збор“ на Универзитетот во Загреб во повикот за настанот.

„Студентски збор“ објаснува дека целта на изведбата е „посветвање внимание на трагедијата и студентските жртви на тероризмот“.

Трагедијата се случила кога сомалиските милитанти на терористичката група ал-Шабаб влегле на кампусот во кенискиот град Гарис во близина на границата со Сомалија.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование