X
 21.09.2023 Живот

Младите се опседнати со мобилните - по само 15 минути возење имаат потреба да погледнат во екранот

Нема потреба да се споменува колку е опасна употребата на мобилни телефони за време на возењето, а поради само една порака, повик или лајк на социјалните мрежи, некој може да го загуби животот. Но, и покрај сите опасности, многу луѓе не можат да одолеат на нагонот барем накратко да ја спуштат главата кон екранот на телефонот додека возат.

Според неодамнешното истражување спроведено на речиси 1.400 возачи на возраст над 17 години во Велика Британија, речиси една третина од нив размислуваат да го проверат својот телефон додека возат. Во истражувањето голем акцент бил ставен на т.н. генерацијата З, односно млади луѓе родени на крајот на минатиот и почетокот на овој век, а четвртина од нив имаат потреба да погледнат во телефонот по само 15 минути откако ќе го фатат воланот в раце.

Истражувањето објавено на „Carmats.co.uk“ покажува дека околу 40 отсто од анкетираните ги користеле своите телефони додека возеле, додека секој дванаесетти пишувал пораки со една рака додека другата му била на воланот.

Употребата на мобилните телефони за време на возењето е еден од посериозните прекршоци што возачите често ги прават, а ова истражување покажа дека меѓу 10. најчести тешки прекршоци што ги прават возачите 4 се поврзани со користење на мобилните телефони. Додека возењето под дејство на алкохол е на прво место, пишувањето пораки за време на возењето е на второ место за тешки прекршоци направени од возачи (8 отсто), 6 отсто од нив признале дека фотографирале место на сообраќајна незгода, на седмо место е користењето на социјалните мрежи додека возaт (4 отсто), додека на деветтото е правењето селфи додека возат, што го прават 3 отсто од возачите.

Освен што е опасно, користењето мобилни телефони при возењето е забрането и казниво. Казните варираат од држава до држава, но паричната казна или губењето на лиценцата е најмалиот проблем бидејќи моментот на невнимание кога гледате во екранот наместо на патот може да доведе до трагедија и губење животи.

Извор: Nypost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот