X
 30.11.2018 Живот

Земјотрес од седум степени ја погоди Алјаска, а фотографиите од направените штети се застрашувачки

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на Алјаска, соопшти Американскиот геофизички институт.

Локалните власти издадоа предупредување за појава на цунами.

Претходно, Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 41 километар и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава. По силниот земјотрес следуваше послаб потрес.

Засега нема информации за жртви, но фотографиите што се споделуваат на социјалните мрежи покажуваат колку бил јак земјотресот и колкава штета причинил. Според известувањата и фотографиите, има уништени патишта, училиштата се евакуирани, а аеродромите им давале инструкции на авионите да бараат друго место за слетување.


На Алјаска годишно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни.

На 27 март 1964 година на Алјаска беше регистриран најсилен земјотрес во историјата на САД, со интензитет од 9,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил околу 120 километри источно од Енкориџ, а потоа уследи цунами, при што загинаа околу 130 луѓе.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот