X
 05.06.2023 Живот

Јапонија постави автомати со бесплатна храна во случај на земјотрес

Јапонскиот град Ако поставил автомати кои автоматски се отклучуваат во случај на земјотрес или друга природна катастрофа за да овозможат пристап до бесплатна храна.

Два вакви автомати биле поставени во градот кон крајот на март за да се тестираат. Граѓаните може да ги користат автоматите за да купат храна и пијалаци секојдневно, но доколку се случи природна катастрофа, производите ќе може да се подигнат бесплатно.

Во секој од автоматите има околу 300 шишиња пијалаци и 150 прехранбени производи. Во простор кој е приврзан за автоматите има и санитарни производи, како подвижни тоалети и маски.

Машините се отклучуваат автоматски кога се испраќа наредба за евакуација поради природна катастрофа. Поставувањето на автоматите е резултат на соработка помеѓу градот и фармацевтската компанија „Ерт корп“.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот