X
 05.05.2015 Живот

Центарот за развој на Пелагонискиот регион го поддржува авантуристичкиот туризам

Центарот за развој на Пелагонискиот регион ја продолжува својата поддршка на директните чинители во развојот на авантуристичкиот туризам во Пелагонија. Во рамките на проектот “Одржлив туризам за поддршка на регионалниот развој во структурно слаби региони” кој Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) го реализира во три региони во РМ (Полошки, Југозападен и Пелагониски),на 28.04.2015 година во Битола се одржа работен состанок чија цел беше формирање на нефомална работна група која има заеднички интерес  - развој на активниот туризам во Пелагонија и развој на готов туристички производ кој ќе може да се вклучи во меѓународниот туристички бренд “Врвовите на Балканот”. На состанокот присутни беа релевантни чинители од јавниот сектор, општини, невладиниот сектор, планинарски друштва, спортски и културни работници, спасувачи, хотелиери, и поднудувачи на услуги во рурални средини од Пелагонискиот регион.

 

По завршувањето на состанокот работната група беше оформена и дефинирани беа идните насоки за што поефикасно делување на проектниот тим, односно покохенрентно реализирање на проектните цели: зајакнување на структурно слабите погранични региони во западниот дел на Македонија земајќи го предвид одржувањето на биодиверзитетот, принципите на одржлив туризам и културните особености, и креирање на погранична планинарска патека по примерот на веќе постојните европски планинарски патеки.

До крајот на 2015 година, активностите кои ќе се реализираат во рамките на проектот се:

-    Креирање на погранична мрежа за развој на одржлив туризам;
-    Креирање на погранична планинарска патека која ќе биде опфатена во промотивен материјал (карта);
-    Подобрување на стандардите на туристичките услуги и туристичката инфрастуктура поврзана со планински туризам;
-    Промоција/маркетинг на новосоздадениот производ.

Во рамките на истиот проект, во текот на месец април и мај се одржаа два од вкупно осум предвидени семинари за меѓународно сертифицирање на водичи во планина според стандардите на Асоцијација на интернационални планински водичи (УИМЛА). Оваа проектна активност подразбира обука и сертификација на вкупно 15 водичи во планина и нивно вклучување на туристичкиот пазар како директни даватели на услуги, пред се, на странски туристи. По завршувањето на обуката и сертификацијата, водичите во планина ќе бидат во можност да понудат нови туристички содржини во Пелагонискиот регион кои во моментот претставуваат тренд во светските туристички движења.

Во соработка со ГИЗ, ЦРППР до крајот на септември 2015 година ќе подготви и Студија за развој на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам во која ќе бидат опфатени сите потенцијали и можности за креирање на одржлив туристички производ на регионот чија консумација дава најголема додадена вредност од сите туристички производи. Авантуристичкиот туризам е најбрзо растечка гранка во туризмот која од вкупните трошоци на едно патување дури 66% остава во локалната заедница. Од друга страна, авантуристичкиот туризам беспрекорно се грижи за заштитата на животната средина затоа што неговиот главнен атрактивно-мотивациски фактор претставува токму здравата и чиста животна средина, природата, еколошките ресурси и биодиверзитетот на една дестинација.

За да ја комплетира својата активност во овој сегмент, ЦРППР ќе изработи и визуелен идентитет за Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам и ќе ги зајакне човечките капацитети за правилно управување со Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам.

Според Светската асоцијација за авантурустички туризам, авантуристичкиот туризам се дефинира како патување кое вклучува физичка активност, животна средина или културно поврзување/размена.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот