Сателитските слики од нашиот свет се неверојатни сами по себе. Но, уметникот Федерико Вајнер ја носи фотографијата на ново ниво со правење слики од планетата и покажувајќи ја истата преку геометриски фигури и бои.
„Ultradistancia“ е колекција од природни и вештачки пејзажи кои биле направени со „Google earth“. Вајнер ги уредувал сликите кои ги наоѓал во базата на податоци за да добие фасцинантен резултат.