X
 28.01.2016 Економија

Зошто Норвешка е толку богата земја?

Студентите по економија учат дека социјалистичките системи се лоши за економијата на земјата. Норвешка не е социјалистичка земја, но потсетува на таква на многу начини. Студент на „Quora“ го постави прашањето за богатството на земјата и покрај социјалистичкиот пристап кон многу работи. 


Сондре Рашч, политички советник во норвешкиот парламент посочи во својот одговор дека и покрај мислењето на многумина, Норвешка никогаш не била социјалистичка земја. Напротив, Норвешка има силни капиталистички институции.

Покрај тоа, Норвешка има отворен и слободен пазар. Како мала економија, Норвешка има ниски тарифи за многу производни категории, освен агрикултурата. Потоа, „лесно е да се отвори бизнис. Малку бизниси бараат лиценца за работа, како што е случајот со други земји. Може да отворам фризерница денес ако сакам, без да барам нечија дозвола“, пишува Рашч.

Згора на тоа, странските инвестиции се добредојдени и се третираат како домашните во поглед на данокот. Конечно, меѓусебната доверба во Норвешка е на повисоко ниво во споредба со останатите земји. Ова помага во многу фактори, како слободното работење на пазарот и задржувањето на стабилноста на институциите. Според Рашч, сите овие фактори емпириски се поврзани со економскиот развој на Норвешка.

Меѓу другите одговори се обрнува внимание и на доброто образование. Имено, норвешкиот образовен систем е 12-ти најдобар во светот. Згора на тоа, образованието е бесплатно.

Сепак, многумина се согласуваат и во еден голем и битен фактор - Норвешка има нафта и гас.


Нафтените извори се национална припадност и Норвешка им дозволува на странските компании да ги користат изворите, а од нив го користи големиот данок. Овие пари, Норвешка не ги троши, туку ги инвестира. Имено, Норвешка троши само 4% од парите заработени од нафтата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија