MyBskool стана партнер со Madras Management Association (MMA) и нуди 100 денови за 100 часови бесплатни онлајн мини последипломска програма. Содржината беше креирана заеднички, во партнерство со IIM Ranchi и беше хостиранана од myBskool.com платформа за социјално учење. Оваа програма е користена од студентите во IIM Ranchi, IMT-Ghaziabad и многу други училишта.
Проценето е дека Индија ќе има потреба од околу 20 милиони менаџери во наредните 10 години со основни бизнис знаења и фундаментални концепти. Општо познат факт е дека веќе постои недостиг на менаџери на почетно и средно ниво на менаџмент, а се очекува побарувачката да расте во годините кои доаѓаат. Мисијата на ММА е да се обезбеди квалитетно образование за масите, а партнерството со MyBskool.com е чекор кон остварување на таа мисија, објаснува Вијакумар, Генерален директор на ММА.
Давидар, Секретар на Одделот за едукација, објаснува дека е добро познат фактот дека слични продукти како што се Courserа и Edx се оперативни, но фактот што Индија отпочна со нив за само една година треба да се проследи со почит. Бидејќи овој тип на едукација е иднината на образованието, корпорациите ја имаат најдобрата опција со спроведување на оваа мини последипломски студии и на нивните вработени да им овозможат унапредување на вештините. Од овој курс ќе имаат бенефит професионалци, извршители, сопствениците на мали бизниси и студенти кои се заинтересирани за подобрување на нивните бизнис знаења и менаџерски вештини без формална квалификација за менаџмент.
Помеѓу студентите и помеѓу вработените, образованието станува се попопуларно поради флексибилноста и пристапноста, истовремено привлекувајќи милиони на луѓе кои сакаат да учат. Па така, многу од обновените универзитети низ светот се поместуваат кон ерата на интернет едукацијата. Содржината важна за Индија и содржината важна глобално, е зацврстена со ваквиот вид на едукација.
myBskool.com носи врвна технологија и светска класа на содржина во форма на видео лекции креирани во соработка со IIM Ranchi, MMA. Исто така носи експерти од индустријата за виртуелни часови, презентирајќи ги нивните погледи како дел од оваа 100 денови бесплатна програма.
Формата на е-лекциите се претходно снимени видео модули со целосно интерактивни карактеристики кои помагаат при соработката, како што се форумите за дискусија, онлајн разговорите, квизовите и виртуелните училници. Целосната содржина на курсот е достапна во секое време и на секое место во форма на “пренослива училница”. Професионалците треба, ако сакаат, да учествуваат на часови, за да ја паузираат својата кариера, па затоа стекнувањето на повисоко образование претставува предизвик за нив. myBskool.com со оваа онајн програма ги крши бариерите на време и простор.
Факти за курсот:
100 денови, 100 часови програма за учење
Содржина креирана од IIM Ranchi
Курсот може да се одржи во “пренослива училница” PC – Tablet – Smartphone.
Badge of Honour ќе им биде доделен на сите кои ќе го комплетираат курсот.
Можете да научите повеќе за myBskool курсевите на youtube каналот MyBskool
Online Cultus