X
 15.05.2015 Образование

Средношколците го собират кампот и го прекинуваат бојкотот!

Средношколците се уморија од  “недогледната” борба за подобро и поквалитетно образование. Велат дека тие многу добро знаат што сакаат  но едноставно немаат  енергија и време да се борат со”духови”. Надлежните според нив ја постигнале целта – “не ги сослушале учениците”. Како што велат од Пленумот на средношколци, надлежните  не се ни обиделе во тоа. Но ова според средношколците е изгубена битка за институциите, бидејќи останале неми и глуви пред оние кои треба да бидат иднината на демократска и просперитетна земја. А, како? Со какво образование?




За овие и уште многу отворени прашања средношколците разговарале на вчерашниот генерален пленум кој траел неколку часа. Мнозинството од членовите на пленумот одлучиле дека поради  пред се безбедносни причини е најдобро кампот да се растури, а учениците поради големиот број на изгубени часови да се вратат на настава. Од Пленумот веруваат дека ова не е изгубена битка бидејќи тие пратиле јасна порака до надлежните дека нешто сериозно не чини во образовниот систем, а учениците  бараат и сакаат подобро образование.

“Средношколскиот пленум на  генерален состанок донесе одлука официјално да го прекине кампувањето пред МОН. Сите денови поминати во бојкот кој започна на 6-ти април и сите денови поминати во кампувањето кое започна на  27 април, на секакво време и кога имаше обилни дождови и кога грееше сонцe, и кога дуваа силни ветрови и кога во државата ситуацијата беше небезбедна поради сите случувања во Куманово, ние поминавме три  недели под отворено небо, три  недели спиевме на улица и  три недели разговаравме со граѓани кои секојдневно доаѓаа, ни оставаа донации, потписи. Се собраа над 15 000 потписи од граѓани кои ја сфатија нашата борба, кои гледаа на нас како на деца кои самостојно застанаа во одбрана на своето образоване и кои не дозволија да се нанесе уште поголема повреда на нашето веќе долго време рането образование. Деца од 13 до 19 години спиеја на улица…ДЕЦА….тоа допре до институциите во Европа но, не допре до нашето МОН…Не  допре до надлежните дека ДЕЦА излегоа на улица..деца кои жртвуваа повеќе од еден  месец  од своето образование само за да докажат на институцијата задолжена за образование дека нешто е “скапано”  таму…Но, тие беа глуви за нашите барања, слепи за нашата аргументација и слепи за нашиот камп, а  на крајот неми за грешките во образование за кои и тие самите се свесни”- вели Моника Пешевска од Средношколскиот пленум.

Целиот текст може да го прочитате на фактор.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование