„Гугл“ е маркетиншка компанија, пред сè. Речиси сè што прават е насочено кон целење кон вистинските луѓе со вистинските реклами. За да го откријат мислењето на јавноста за одредена работа, тие се подготвени дури и да ни платат.
Така е. Компанијата објави апликација која на корисниците ќе им дава пари кои може да ги потрошат во продавницата за апликации само со давање на нивното мислење. Како да ја овозможите опцијата?
Инсталирајте „Google opinion rewards“.
Направете свој профил.
Апликацијата ќе побара од вас повеќе информации.
Овие информации се корисни за анкетите со кои ќе собирате пари.
По создавање на профилот, може да учествувате во анкети. Едноставно, одговорете на прашањата најискрено.