X
 23.04.2021 Наша тема

Најдов одлично платена работа за еден ден само затоа што добро го знам германскиот јазик

Чувството да се биде дел од компанија која е број еден во својата индустрија во светски рамки, каде што секој ден одите на работа мотивирани и исполнети - е нешто што ми дава причина повеќе да инвестирам во себе и постојано да се надградувам и да градам кариера во самата компанија. „Телеперформанс“ е дефинитивно компанија која, пред сè, инвестира во своите вработени и ве мотивира да бидете најдоброто од себе, вели Мицевска

„За секој млад човек, голем успех е да биде вработен во компанија од светски калибар и која нуди одлични услови за работа. Во компанија во која се цени работникот, како и неговиот труд, нема простор за незадоволство, напротив, јас секојдневно се чувствувам исполнета и сум мотивирана за уште поголеми успеси на работното место.“ Вака ја започнува својата приказна дваесет и тригодишната Сара Мицевска, која веќе неколку месеци работи во глобалниот кол-центар „Телеперформанс“, кој веќе извесно време има претставништво во центарот на Скопје. Македонија е 77. земја во светот во која оваа призната компанија има свое претставништво. Мицевска, која е на позицијата агент за корисничка поддршка, за Факултети.мк зборува за досегашното работно искуство во компанијата, која има 300 вработени.

Платата и условите за работа се одлични

Во „Телеперформанс“ работам нешто повеќе од три месеци на позиција агент за корисничка поддршка. Во поглед на условите за работа морам да кажам дека „Телеперформанс“ - Скопје како дел од глобалната компанија „Телеперформанс“ нуди одлични услови за работа, вели Мицевска.


Сара Мицевска

- Процесот на регрутација е едноставен, компанијата е многу транспарентна, платата е одлична, работната атмосфера е супер, а исто така компанијата нуди и одлични услови за градење кариера и доусовршување – потенцира Сара.
Што е она што ја задржува на ова работно место? Вели - фактот дека компанијата работи според германски и светски стандарди и нуди одлични услови за градење на кариера.

- Од првиот ден се чувствував добредојдена и мотивирана. Чувството да се биде дел од компанија која е број еден во својата индустрија во светски рамки, каде што секој ден одите на работа мотивирани и исполнети - е нешто што ми дава причина повеќе да инвестирам во себе и постојано да се надградувам и да градам кариера во самата компанија. „Телеперформанс“ е дефинитивно компанија која, пред сè, инвестира во своите вработени и ве мотивира да бидете најдоброто од себе - додава Сара.
Во компанијата се работи на врвни проекти за едни од најголемите глобални брендови. Единствениот услов е одлично да се познава германскиот јазик, а сè друго се учи преку обука обезбедена од компанијата. Плата се зема од првиот ден, односно и обуката е платена.

Ја добив работата зашто одлично го знам германскиот јазик


Еден од начините на вработување, кој всушност е и начинот на кој и Сара се вработила, е преку настаните „Денови на отворени врати“, кои компанијата повремено ги организира во канцелариите во Скопје, но и во други градови низ Македонија.

- Јас се пријавив на еден од тие настани и имав можност да се запознам со тимот за регрутирање и ми беше објаснето сè за компанијата и условите за работа. Условите што се бараа беа одлично познавање на германскиот јазик и основни компјутерски вештини, а по интервјуто и неколку тестови, веднаш добив и понуда и договор за вработување – раскажува Сара.

Добрата атмосфера за работа е многу важна

Во „Телеперформанс“ е воспоставена одлична структура на поддршка на сите вработени и никој не се чувствува „изгубен“, дури ни кога е на самиот почеток, вели Сара и објаснува дека секогаш има на располагање поддршка или од тренерите или од лидерите на тимот.

- Она што најмногу ме привлече да започнам да работам во оваа компанија е топлиот и професионален однос што го има компанијата кон сите свои вработени. Конкретно јас работам на проект за германскиот пазар и мојата работа како агент за корисничка поддршка со дојдовни повици е да им помагам на нашите клиенти во Германија во врска со некои прашања и проблеми што ги имаат, поврзани со некој од продуктите на клиентот – појаснува таа.
Оваа компанија располага со одлично опремени канцеларии во центарот на градот, каде што и Сара работи, но исто така постои можност и за работа од дома. Опремата за работа е обезбедена од страна на компанијата. Многумина од колегите на Сара работат од дома.



Дојдете и информирајте се повеќе на 27 и 28 април

27 и 28 април се „Деновите на отворени врати“ кои ги организира „Телеперформанс“, а тоа е период во кој сите заинтересирани кандидати што добро го познаваат германскиот јазик и сакаат да започнат кариера во најголемата глобална компанија за кориснички услуги, можат да појдат во просториите на компанијата и да се информираат подетално околу процесот на работа.
Кандидатите што ги исполнуваат условите ќе бидат интервјуирани од претставници на компанијата, а на интервјуата ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и способности. Оние што успешно ќе го поминат интервјуто ќе добијат бонус за добредојде од 200 евра, а месечната нето-плата ќе им изнесува 600 евра.

Претставништвото на компанијата е лоцирано во Капиштец, близу трговскиот центар „Зебра“. За да се биде дел од настанот, не е потребна никаква претходна регистрација, туку доволно е кандидатите да се појават во кое било време во периодот од 9 до 18 часот во просториите на „Телеперформанс“. Ова е точната локација https://bit.ly/3ecQrd6.
За кандидатите што не се од Скопје или за тие што не можат физички да присуствуваат на настанот, на 29 април ќе биде организиран виртуелен настан, на кој ќе бидат презентирани можностите за работа од дома како агент за корисничка поддршка онлајн.

Во „Телеперформанс“ се нуди и можност за напредок на супервизорски/менаџерски позиции за краток рок. Неодамна компанијата го доби признанието „Најдобар работодавец за 2021“ во Македонија.


Фото: приватна архива
Подготвил: Антонија Поповска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема