X
 26.06.2017 Живот

Современиот Робинзон Крусо открива кој е најстрашниот отров на денешницата

Веќе 20 години, Дејвид Глашин живее сам на пуст остров, заедно со своето куче Поли. Пред да се пресели на Ресторејшн ајланд, мал остров на североисток од Австралија, „тежел“ речиси 29 милиони долари.

Човекот кој беше милионер, сепак одлучил да се откаже од сите животни удобности, напуштајќи го градското секојдневие.

Бизнисмен и експерт за недвижнини, голем дел од своето богатство го изгубил во големиот крах на берзата во 1987 година. Во повеќе наврати направил бизнис обиди да го поврати изгубеното, но по 10 години „дигнал раце“ од цивилизацијата.

„Сакам овде да умрам. Ова е мојот рај на земјата. Кога стигнав на островот, бев отруен од  страста кон парите. Парите го трујат човекот. Затоа и ми се распадна бракот“, објасна Дејвид во документарниот филм за првите десет години живот на островот.

Тој вели дека понекогаш му недостасува разговор со луѓе, и дека посакува да најде партнерка која би го посетувала на островот неколкупати годишно.

Дејвид ја сака природата што го опкружува, но ги истакнува и нејзините опасности. Вели дека во случај да се најдете во неволја, нема кој да ви помогне, и смртта тогаш изгледа неизбежна.

Тој е роден во Сиднеј. Бил сопственик на компанија за ископ на злато во Папуа Нова Гвинеја. Кога сопругата го напуштила, ги спакувал куферите и го напуштил градскиот живот.
 
На остовот изградил свој дом, кој е опремен со генератор и соларни панели, може да користи интернет, а еднаш годишно го напушта островот за да набави продукти кои му требаат за живот.

„Овде има змии, пајаци и крокодили, но местото е побезбедно во споредба со други места во светот каде се изведуваат терористички напади“, заклучува Дејвид Глашин. 


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот