X
 27.10.2016 Живот

Зошто луѓето не ги разбираат интровертите?

Луѓето не знаат дека постојат интроверти:

Треба да се прашаме кога првпат сме чуле дека постојат категории на луѓе, наречени интроверти и екстроверти. Кога ќе сфатиме дека повеќето од нас за нив научиле во позрела возраст, наместо во раните фази од нашето образование, можеби ќе ги прифатевме „затворените“ луѓе заради својата природа и немаше да ги квалификуваме како чудни и егзотични.

Луѓето не ги разбираат интровертите:

Мнозинството погрешно мислат дека интроверт е синоним за срамежлив човек, и толку. Интровертите енергијата ја црпат од себе, од внатрешноста, а ја губат кога се изложени на преголема надворешна стимулација. Тие ја дополнуваат изгубената енергија преку отстранување или намалување на надворешната стимулација и преку негување на сопствените мисли и чувства.
Голема е веројатноста интровертите да се срамежливи луѓе, но не сите, а срамежливоста е само мал дел од природата на интровертите.

Луѓето не знаат како да се однесуваат со интровертите:

За волја на вистината, интровертите тешко го покажуваат и го изразуваат тоа што го мислат. Тие живеат во сопствен свет, мислите ги чуваат за себе и внатре си го задржуваат емоционалното понирање. Во денешното општество на изнасилена радост, отсуството на реакција ги збунува луѓето.

Луѓето си носат погрешни претпоставки за интровертите:

Интровертите се молчеливи, замислени, на моменти неконтактибилни, поради што средината некоректно ги смета за арогантни и вообразени.    

Социјализираните се позабележливи:

Хм... И интровертите се присутни во социјалните активности, само што се тивки.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот