X
 27.05.2015 Живот

Како да знаете дали ја добивте работата после интервју?

За многумина, најтешкиот дел од потрагата по работа е интервјуто. Интервјуата ги тестираат кандидатите за работодавците да видат дали ќе одговараат за компанијата. Тие се неопходни, но тешки за кандидатите. По интервјуто, одговорот може да го чекате со недели. Меѓутоа, доколку обрнете внимание на некои детали, веројатно ќе препознаете дали работодавецот сака да ве има во својот тим или не. Ова се тие детали.


Интервјуто траело кратко

Многу работодавци ве известуваат колку време имате за интервјуто. Доколку тоа трае подолго од планираното, работодавачот очигледно е заинтересиран во вас и вашите квалификации. Но, доколку тоа трае пократко, тоа не е добар знак.

Работодавачот не обрнува внимание

Доколку изгледа дека работодавачот не е заинтересиран во она што го кажувате, веројатно тој навистина не е заинтересиран. Имајте предвид дека на него/неа може да влијаат и надворешни фактори (болест, умор).

Ве прашува лесни прашања

Не мислете дека е добро доколку прашањата кои ви се поставени се прелесни и сите се поврзани со вашето работно искуство. Тешките прашања ќе ве доведат до работното место.

Не се обидуваат да ви ја продадат компанијата или работното место

Доколку на работодавачот му се допаѓа она што имате да го понудите и навистина е заинтересиран, тој ќе одвои време од интервјуто да се обиде да ја продаде својата компанија, односно ќе ви го опишува работното место за кое сте планирани.

Не прашуваат кога може да започнете со работа

Доколку тие навистина сакаат да ве видат во тимот, ќе прашаат кога може да започнете со работа бидејќи вработувањето ново лице вклучува многу работа и планирање.

Платата не се споменува

Една од првите работи кои работодавачот ќе се обиде да ги дознае е дали може да си дозволи да ве има во екипата. Доколку не ја спомене платата, тоа може да биде знак дека вашето резиме не е најдобро досега.

Интервјуто завршува без зборување за следните чекори од процесот

Повеќето компании бараат повеќе од едно интервју пред да вработат некого. Тука се тренинзите, тестовите и слично. Доколку тие не споменат кои се следните чекори, големи се шансите дека не сте ја добиле работата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот