Веројатно има многу работи кои би сакале да ги знаете, но немате време или храброст за да почнете. Најчесто, проблемот не е времето, туку волјата. Сега е вистинскиот момент кога може да го промените ова и да започнете со учење!
Во што се состои предизвикот?
Целта е да учите една работа најмалку 10 минути дневно, секој ден од месецот. На крајот на месецот треба да напишете извештај за напредокот.
Зошто треба да го прифатите предизвикот?
Бидејќи секогаш сакавте да се фокусирате на учење нови работи, сакавте да имате навика за учење и барате нов предизвик за летото.
Подготвени за предизвикот? Пријавете се
ОВДЕ.
Предизвикот е отворен и бесплатен за сите, а ќе добивате и статии, видеа и други корисни совети за подобро учење.
Совети за успешно завршување
- Имајте дневни сесии. Доколку навистина сакате да успеете, одредете време кога ќе учите или вежбате. Ставете аларм. Најдете место. Ослободете се од работите кои ви го одземаат вниманието.
- Водете дневник. По учењето, напишете што сте научиле во тетратка или на компјутерот.
- Имајте партнер. Издржувањето на предизвиците е многу полесно доколку го правите со партнер.
- Не плашете се од грешките. Вистинското учење вклучува правење грешки. Продолжете понатаму и ќе видите напредок.
- Уживајте во процесот. Секоја сесија можеби ќе биде тешка, но бидете насмеани за време на истата. Уживајте во способноста за учење нови работи!
Среќно!