X
 10.05.2015 Живот

Совети за подобра концентрација додека учите

Забележувате дека во некои ситуации кога учите, вашите мисли лутаат од една во друга тема, а надворешните случувања ви го одвраќаат вниманието, содржината ви е досадна, тешка и не ви е интересна?

Една од најважните работи во учењето е способноста за концентрирање односно насочување на мислите. Таа претставува способност за фокусирање на одредена активност без разлика дали го читате материјалот за учење, полагате испит и слично.

Целта на концентрацијата во учењето е да успеете да го елиминирате сето она што ви го одвлекува вниманието во процесот на учење.

Како да постигнете концентрација неопходна за успешно и ефикасно учење?

1. Пронајдете место на кое ќе учите - И не го менувајте местото. Немојте да ја менувате столицата, работната маса, осветлувањето и опкружувањето.

2. Намалете ги прекините -
Не го држете мобилниот телефон во близина. Научно е докажано дека секое прекинување на работата, бара дополнителни 15 до 20 минути време за повторно загревање и воспоставување на концентрација.

3. Придржувајте се кон планот за учење - Направете ја секоја планирана активност. Неисполнувањето на само една планирана активност може да го промени целиот тек на реализација на планот и може да доведе до уништување на процесот на учење.

4. Фокусирајте се на учењето - Пред почетокот на учењето неколку минути посветете резимирајќи го наученото, и размислете што ќе ви биде потребно во текот на процесот на учење и потсетете се на успешните стратегии кои сте ги користеле кога претходно сте учеле.

5. Дајте си себеси поттик - Мотивирајте се. Одредете награда која ќе си ја овозможите после завршувањето на учењето.

6. Ако почувствувате умор, после некое време, променете ја темата или предметот што го учите - Но и овде треба да внимавате. Премногу променети теми може да предизвикаат малку научено и запомнето.

7. Менувајте ги стиловите на учење - Променете го методот на читање, техниката на мотивација за учење. Обидете се со групно учење. Создадете испитни прашања на кои ќе учите да одговорите. Посоветувајте се со ментор или професор околу изборот на најдобриот метод за учење на материјалот.

8. Направете план за пауза и одмор и придржувајте се кон него - Во текот на паузата правете нешто сосема различно од учењето: прошетајте, освежете се, одете на рекреација и слично.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот