Е.Л.Џејмс ќе објави дополнување на нејзиниот бестселер „Педесет нијанси сиво“ од перспектива на Кристијан Греј. Насловена само „Греј“ книгата треба да излезе на 18 јуни - роденденот на слаткиот садист Кристијан.
„Кристијан е комплексен лик, и поради тоа читателите отсекогаш биле фасцинирани од неговите желби и мотивации како и лошото минато. Исто така, сите кои биле во врска знаат дека постојат две страни од секоја приказна. Задоволство ми е да се вратам и да пишувам за Кристијан и Ана во нивниот универзум“, вели Е.Л. Џејмс.