Според најновите истражувања, 1 личност во група од 20 искусила халуцинации, барем еднаш во текот на животот и токму тие халуцинации не биле поврзани со лекови, дроги, алкохол или соништа.
Научниците анализирале податоци на повеќе од 31.000 луѓе во 18 земји кои биле дел од истражувањата спроведени од Светската здравствена организација. Кандидатите биле испитувани за тоа дали некогаш слушнале гласови или виделе работи кои не постојат или верувале дека мислите им биле контролирани или пак некој ги следи.
Во истражувањето не учествувале луѓе кои имале психички пореметувања како шизофренија или манична депресија, болести кои предизвикуваат халуцинации и лажни слики. Резултатите од истражувањето покажале дека халуцинациите и лажната реалност не се секогаш поврзани со сериозните ментални болести.
Обично мислиме дека само луѓето со психоза слушаат гласови или се во заблуда со реалноста, но сега знаеме дека и здравите луѓе имаат слични искуства.
Отприлика 6% од луѓето од истражувањето изјавиле дека искусиле барем една халуцинација или лажна слика во текот на животот. Халуцинациите биле пообични отколку илузиите, а 5% изјавиле дека имале халуцинации, а 1% и двете.
Научниците сметаат дека таквите искуства се недостаток на поврзаност со реалноста. За повеќето луѓе во истражувањето овие искуства не се чести. Една третина од испитаниците ги искусиле само еднаш во животот, додека друата третина 2 до 5 пати.
Психотичните искуства биле повообичаени кај жените отколку кај машките, а повеќе кај оние кои не се во брак и повеќе кај невработените.
Халуцинациите се нормални во некои случаи. Да кажеме, ако умре некој кој го сакате, некои луѓе и понатаму го слушаат неговит/нејзиниот глас или накратко помислуваат дека ја виделе мртвата личност, но сето тоа е дел од процесот на преболување.
Д-р Алам Маневиц, клинички психијатар во Ленокс Хил болницата во Њујорк вели дека постојат голем број психијатриски и медицински состојби поврзани со халуцинациите и делузиите.
Таквите состојби вклучуваат нарушувања на личноста, пост-трауматско стресно пореметување, опсесивно-компулсивно пореметување, тумор на мозокот, нарушување на тироидната жлезда, епилепсија, заразни болести и дрога. Жените можат да развија постпородилна психоза во која се вклучени халуцинациите.
Докторите советуваат дека сите оние кои имале ваква психотична епизода, како халуцинациите и делузиите, треба за тоа да зборуваат доктор и да поминат неколку тестови за да се види дали станува збор за нешто сериозно.
Многу луѓе кои имаат некое психичко пореметување тоа и не го знаат, па така во текот на истражувањето, на некои луѓе им биле дијагностицирани психотични пореметувања.
Научниците велат дека се надеваат дека подобро ќе сфатат зошто некои луѓе имале изолирани епизоди на халуцинации, а зошто некои луѓе прогресираат кон посериозни пореметувања како што е шизофренијата.
Потребно е да се утврди зошто кај некои луѓе ова е пролазно, а кај други останува како трајно пореметување.