X
 17.02.2024 Живот

Каде учеле најбогатите луѓе во светот?

Од Бернард Арно до Мукеш Амбани, некои од најпознатите милијардери не завршиле факултет, додека други дипломирале на некои од најпрестижните универзитети.

Бернард Арно

Најбогатиот човек на светот според магазинот „Форбс“, Бернард Арно, е основач и претседател на луксузниот бренд „ЛВМХ“. Што се однесува до неговото образование, тој е дипломиран инженер на Политехничкиот универзитет во Париз.

Илон Маск

Еден од најбогатите луѓе во светот и сопственик на „Х“, дипломирал на Универзитетот во Пенсилванија. Има диплома за уметност и наука.

Џеф Безос

Шефот на „Амазон“ има диплома по електротехника и компјутерски науки. Дипломирал на „Принстон“.

Лари Елисон


Шефот на технолошкиот оддел во американската мултинационална компанија за компјутерска технологија „Оракл“ е еден од најбогатите милијардери во светот, но никогаш не завршил факултет. Прво студирал на Универзитетот во Илиноис, а потоа на Универзитетот во Чикаго. Сепак, тој се откажал од формалното образование и поминал 10 години пишувајќи компјутерски кодови за различни клиенти.

Марк Закерберг

Еден од основачите на „Мета“ (поранешен „Фејсбук“), Марк Закерберг, студирал на „Харвард“, но одлучил да го напушти.

Бил Гејтс

Поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, се откажал од Универзитетот „Харвард“ по само три семестри за да започне бизнис со својот пријател Пол Ален.

Мукеш Амбани

Најбогатиот Индиец Мукеш Амбани е сопственик на мултинационалниот конгломерат „Релајнс индустрис“, кој се занимава со енергија, природен гас, малопродажба, телекомуникации, масовни медиуми и текстил. Студирал бизнис-администрација на Универзитетот „Стенфорд“, но се откажал за да му помогне на својот татко, кој во тоа време градел компанија.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube

Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот