X
 13.06.2015 Економија

Повик до сите невработени лица!



АВРМ распиша јавен оглас до сите невработени лица.

Од Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) ги повикуваат сите невработени лица кои активно бараат работа и своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка од Програмата за Самовработување да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат невработени лица.

Сите заинтересирани за условите кои ги нуди овој јавен оглас може да ги прочитате тука.

Програмите и мерките за вработување опфатени во Оперативниот план за услугите на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија се спроведуваат од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) со своите Центри за вработување, Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ) и други институции инволвирани во процесот на имплементација.

Во 2015 година за реализација на секое самовработување се предвидува поддршка со неповратни средства во висина на 201.600 денари, од кои 185.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали, додека останатите 16.600 денари служат за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење бизнис во времетраење од најмалку 30 часа, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

32 најодржливите и иновативни бизниси (од вкупно 900 бизниси), односно бизниси кои имаат најголем потенцијал за раст ќе добијат вкупен гранд од 257.000 денари во форма на опрема и/или материјали.

Вкупно 60 најуспешни бизнис планови во кои јасно се укажува на потреба од вработување на најмалку две лица за успешно функционирање на бизнисот ќе имаат можност да добијат дополнителни 92.000 денари доколку дополнително вработаат уште едно лице. Во 2015 година, Програмата Самовработување нема да поддржува основање на бизнис во земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани за нив.

Јавниот оглас до невработените лица го распишува Агенцијата за вработување на Република Македонија врз основа на Оперативниот план за услугите на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година. Програмата Самовработување ќе се спроведува следните чекори: промоција, прием на апликации, избор и селекција на учесници; обука на деловно планирање и управување, развој на бизнис-планови, селекција на најдобрите бизнис-планови и регистрација на фирми и давање почетен грант за набавка на опрема и на материјали.

Селекцијата на кандидатите за Програмата Самовработување има цел да создаде транспарентна и фер конкуренција меѓу кандидатите; избор на бизнис-планови и постојни бизниси, во согласност со целите на Оперативниот план за услугите на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година на Владата на РМ и да поддржи одржливи и иновативни проекти коишто ќе имаат успешни резултати.

Фактор.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија