Некои земји релативно брзо се опоравија од економската криза, додека други се`уште никако не успеваат да ја достигнат саканата стапка на раст.
Врз основа на стапката на раст на бруто домашниот производ, односно просечната годишна стапка од 2014 до 2017 година ви ги нудиме најбавно растечките светски економии. Податоците се темелат според прогнозите на Светската банка.
10. Јемен
2015 БДП: -2.80%
2016 БДП: +2.80%
2017 БДП: +3.40%
2014-2017: +0.09%
Јеменската економија е доста зависна од енергијата, па затоа силно ја погоди падот на цената на нафтата во 2014 година. Моментално оваа земја се наоѓа меѓу граѓанска војна.
9. Хрватска
2015 БДП: +0.50%
2016 БДП: +1.20%
2017 БДП: +1.50%
2014-2017 БДП: +0.70%
Хрватска е една од земјите на бивша Југославија која економски стои подобро, но во целост не се опоравила после кризата во 2009 година. Главниот проблем е високата невработеност, нееднаквиот регионален развој и недостатокот на странски инвестиции.
8. Бразил
2015 БДП: -1.30%
2016 БДП: +1.10%
2017 БДП: +2.00%
2014-2017 БДП: +0.47%
Бразилската влада во последните неколку години се обидува да го подобри економскиот тренд преку намалување на данокот за индустрија и стимулација на домаќинствата. Но, економијата не стои добро, а Светското фудбалско првенство во 2014 година беше голем удар за економијата.
7. Србија
2015 БДП: -0.50%
2016 БДП: +1.50%
2017 БДП: +2.00%
2014-2017 БДП: +0.29%
БДП во Србија во 2014 година падна за 1.9%, а земјата страда од висока невработеност додека приходите за домаќинствата стагнираат. Структуралните реформи се одложени од почетокот на глобалната финансиска криза. Оваа поранешна југословенска република се соочува со високо ниво на корупција, стареење на населението и неефективен правосуден систем.
6. Русија
2015 БДП: -2.70%
2016 БДП: +0.70%
2017 БДП: +2.50%
2014-2017 БДП: +0.26%
Руската економија зависи од енергијата, па затоа тешко го пречека падот на нафтата во 2014 година. Меѓународните санкции поради Кри, исто така влијаат врз руската економија.
5. Света Луција
2015 БДП: -0.60%
2016 БДП: +0.80%
2017 БДП: +1.40%
2014-2017 БДП: +0.15%
Света ЛУција е држава зависна од туризам, која никогаш во целост не се опорави од драстичниот пад на туризмот поради финансиската криза во светот.
4. Белорусија
2015 БДП: -3.50%
2016 БДП: -1.00%
2017 БДП: +1.00%
2014-2017 БДП: - 0.50%
Белоруската економија е прилично поврзана со руската, па така падот на тамошната економија се одрази и на Белорусија.
3. Либија
2015 БДП: +0.50%
2016 БДП: +15.00%
2017 БДП: +10.90%
2014-2017 БДП: -0.65%
Либискиот БДП во 2014 година падна за 24%, па поради тоа оваа земја се наоѓа меѓу првите земји со најспора растечка економија. После револуцијата во 2011 година, земјата беше рушена, а економијата е непостојана.
2. Венецуела
2015 БДП: -5.10%
2016 БДП: -1.00%
2017 БДП: +1.10%
2014-2017 БДП: -2.28%
Венецуела е уште една земја со бавно растечка економија која се потпира на извозот на нафта, па економијата доживеа ужасен удар со падот на цената на нафтата. Голем проблем е инфлацијатакоја во 2012 година изнесуваше 20%, во 2013 година 56% и во 2014 година 60%.
1. Украина
2015 БДП: -7.50%
2016 БДП: +2.00%
2017 БДП: +3.00%
2014-2017 БДП: -2.45%
Украинската економија е тешко погодена со текот на финансиската криза. Конечно се опорави во 2010 година, а потоа повторно доживеа удар откако Русија го присвои Крим.