Можете да се сетите на момент кога сте се симнале од авион и веднаш сте сфатиле дека не сте облечени за тоа време? Еден аеродром во Шведска сака да го реши овој проблем.
Како промоција на своите летови до многубројните меѓународни дестинации, аеродромот „Арланда“ во Стокхолм изгради симулатори за различни клими низ светот кои работат во реално време.
„Климатските портали“ користат температура, ветер и аудиовизуелни ефекти за покажување на временските услови.
Временските симулатори се поврзани со податоци во облак и им овозможуваат на луѓето внатре да го искусат времето во локациите кадешто сакаат да патуваат.
Овие портали се опремени со уреди за симулација на температурата, влажноста и ветерот.
Аеродромот го прави ова за промотивни причини, но тука има и практична примена. Гледањето на времето кадешто одите ќе ви покаже како да се подготвите.
Трите портали се наречени „Go hot“, „Go cold“, и „Go big“ за пустини како Дубаи, зимски услови и време во големи градови, соодветно.