Нуклеарната катастрофа во Чернобил од 1986 година изложи милиони луѓе на високо ниво на јонизирачко зрачење. Познато е дека овој вид зрачење ги зголемува стапките на мутација на ДНК и истражувањата врз животни покажуваат дека родителите изложени на јонизирачко зрачење имаат потомство кое има повисоки ДНК-мутации од нормалното ниво.
Сепак, дали ова се случува кај луѓето, остана во голема мера непознато. Истражувањата што претходно се обиделе да одговорат на ова прашање немале доволно голем број на примерок и дефинирани нивоа на изложеност на зрачење кај родителите.
Едно ново истражување објавено во „Сајнс“ е најголемото досега и прво во низа на целокупните геноми на родителите/децата за да се утврди целосното влијание на изложеноста на зрачењето врз следната генерација.
Истражувачите интервјуирале украински родители за нивната изложеност по катастрофата во
Чернобил и пресметале процени на кумулативната доза на зрачење за секоја личност. Потоа, тие секвенционирале примероци на ДНК од над 100 изложени родители/деца и ги пресметале стапките на мутација на родителите, како и бројот на нови мутации кај децата. Според нивната анализа, не постои врска помеѓу бројот на нови мутации кај ДНК на децата и нивото на изложеност на зрачење на нивните родители.
Откритието е олеснување за жртвите од несреќата во Чернобил и им ја носи потребната надеж на другите што доживеале нуклеарни катастрофи. Преживеаните од нуклеарните инциденти не само што претрпеа здравствени последици, туку и силна стигма од нивните заедници. Особено жените биле избегнувани од потенцијалните партнери поради страв дека нивните деца ќе наследат генетски нарушувања, а веднаш по катастрофата се проценува дека десетици илјади жени намерно ја прекинале бременоста поради овој страв.
Резултатите од ова истражување се неверојатно значајни за поединците и заедниците кои биле опустошени од нуклеарни катастрофи.