Тајните се тешки за да се сокријат, особено кога станува збор за вмешаност на многу луѓе, но кога станува збор за познатите откривањето на тајните се нарекува скандал кој преминува во историја за одреден момент. Од етички карактер на секоја индивидуа понесена од сопственото его се доведува во ситуација се да не се признае. Но! Колку повејќе се обидуваме да се прикриеме шансите се поголеми да се закопаме. Новинарството како благородна професија во дифузија со ЖЕЛБАТА ДА СЕ РАБОТИ го открива основниот работен стремеж кој сведочи за работната и животната етика на личноста.
Тоа е настојување да се вложува енергија во работата, односно, да се прави она што треба и она што дава резултати, а да не се избегнуваат обврските. На историската несреќа на капетан Драјфус, новинарот (писател) Емил Зола ја разоткрива тежината на оваа професија одлучувајќи да копа подлабоко. На патот кон расветлување на случајот ќе се судри со бројни препреки меѓу кои и со најопасната, во случајот најстарата ќерка на црквата- Франција. Сестраниот и вреден Емил Зола ништо не го спречувало да продолжи со разветлувањето на вистината, бидејќи тој сметал дека човековото однесување е збир на општествени околности како и личниот темперамент, а пред се психолошкото устројство на личноста. Перото на Зола ги откривало не само општествените пореметувања, туку и скриените човекови нагони. Револтиран од нехуманиот и не етички однос од страна на хипнотизираната и наркотизирана маса-јавност, решил да и се спротистави. Емил Зола го потврдува фактот дека може да се живее така што ќе се смета дека извршувањето на должноста е најважната димензија на човековиот живот. Со тоа сметал дека моралот се возвишува до суштествен елемент на човекот. Исто така, она што Зола ни го пренесува преку случајот Драјфус е дека може да се живее за и низ реализирање на заемопомошта меѓу луѓето, односно со увереност, како и тоа дека солидарноста е најдобар вруток на моралот и најзначајна активна животна вредност и стил.
Доминацијата над друг човек со страст за малтретирање, со суета и наперченост, воден од злоба и завист , демонстрирајќи и мавтајќи непријателство, развивајќи дух на омраза, отфрлајќи ја вредноста на мирот и толеранцијата, градејќи мизантропија, а не хуманизам и етика е видлива реалност извршена врз единственото ( во случајов ) невино суштество и офицер Алфред Драјфус само затоа што е Евреин. Секој треба да го стори тоа што може и мора но не по секоја цена! Во случајот на Драјфус етиката не била мерка и извор за оценката на неговиот живот, бил лишен од секакви права кој што требало да ги ужива само затоа што е човек. Она што се случило во историјата на човештвото е тоа што индивидуата иако трагична иако во овој случај вреојатно неправедна , мора да биде толерирана по секоја цена бидејќи во спротивно самата нација ќе биде доведена во опасност.
Се започнало така незабележително. Се работело на случајот што некој офицер од фелата на француската војска се обидувал да пренеси важни воени информаци на Германија. Во септември 1894 година таен известувач ја разоткрива злонамерната намера на некој од офицерите на француската восјка известувајќи го помошникот – шефот, на известувачкото одделение при министерството за војна, Анри дека е откриено писмо во кое се наоѓале важни воени податоци кои биле можни за пронаоѓање исклучиво од офицер на генералниот воен штаб. Тоа е документот кој што во историјата е познат под името Bordero. По содржина bordero е документ за кој се заклучило дека е напишано од офицер на генералниот штаб на француската војска, така што целата парадоксална истрага се движела во правец на расветлување на случајот. Прегледан е целио список на офицери од генералниот штаб и секако за драмското дело да ја доживеј својата кулминација осомничен е единствениот во целата траги-комедија невин Алфред Драјфус, Евреин со германско презиме. Алфред Драјфус во почетокот на 1894 година е назначен за генерал потполковик на генералнио штаб и секако бил првиот Евреин кој што зчекорил во генералниот штаб на француската војска - факт кој што го потврдува католичката црква. Неговото потекло е од Алзас, од семејство на индустријалци кои поради големите немири во Германија се одлучуваат Франција да биде нивното постојано место на живеење. Драјфус бил еден од ретките ценети личности кој што го уживал статусот интелегентно образован офицер.
Сослушувањето на Алфред Драјфус било доверено на мајор Анри, кој што оценил дека писмото - документ со важни воени податоци било напишано од рацете на Драјфус. По првото сослушување било донесена одлука дека Драјфус е виновникот и бил уапсен од француската полиција. Започнало истражување кое се состоело од прибирање на податоци за целиот живот на Драјфус како и секојдневни испитување на осомничениот.
На 3 декември 1894 пред воениот суд пристигнала неоснована тужба против одржаното судење. По барање на владиниот комесар, претседателот на судот одлучил судскиот процес да се одвива во тајност. До јавноста била пренесена информацијата дека е донесена пресуда дека капетан А. Драјфус е виновен и дека е осуден на јавно понижување, како и доживотна казна затвор која што треба да ја отслужи во Ѓаволскиот остров. Јавната деградација била извршена на 5 јануари 1895 година.
Покрај тоа што била донесена пресудата, само поради тоа што бил Евреин се оптоварувал со дополнителна тешка тужба дека е предавник на француската земја. Високите воени кругови сметале дека виновникот треба да се казни со многу поголема остра казна. Драјфус на Ѓаволскиот остров била извршена тортура, бил „ окован “ со синџири, изолиран од секаков допир со општеството. За време на отслужување на казната не смеел да има никаков контакт дури ни со потесното семејство.
Во целиот случај она што било најтрагично е тоа што вистинскиот виновник е на слобода, додека невиното суштество во случајов А. Драјфус ја отслужувал туѓата несреќа. Но, целата ситуација се променила одкако за нов шеф на одделението Министерство за војна бил назначен полковник Пикар. Од тој момент започнале да се нижат случувања кои што мислењата на Франција ќе бидат поделени на Драјфусовци и Антидрајфусовци. Во рацете на Пикаро завршило Petit - ble кој што било испртатено од германски војник наменето да заврши во рацете на Естерхајз. Petit - ble содржело важни информации кои штоподоцна ќе направат прелом во целиот случај познат под името „ Драјфусова афера “. Капетан Пикар се обидел да го расветли целиот случај, но бил спречен. Во походо на Пикар да ја докаже вистина наидел на низа препреки така што обидувајчи се да докаже дека единствениот виновник во целиот слуцај е жпионот Естерхајз но како и А. Драјфус но со поблага казна бил осуден од Француската војска и суд. Така започнала големата битка помеѓу судот и правдата, битка за кој никој не можел да го предвиди и знае крајниот резултат.
Големата историска грешка на човештството позната под името „ Драјфусова афера “ била резултат на расплинување на антисемиткска омраза и прогонување на евреите по целата Франција. Антисемитизмот за целна група ги имала Евреите, без разлика каде се наоѓале, а безредието и неправдата започнала да се шири на големо по француските градови.
Помеѓу броците за ревизија на драјфусовиот процес се наоѓал и истакнатиот книжевник Емил Зола. Во своето прочуено писмо „ Обвинувам “ ги изнесе најважните факти и податоци за драјфусовата афера кои што биле од огромен важечки фактор при расчешлување на целиот случај. Книгата се состоела од писма кои Емил Зола ги печател во вид на памфлети „ Фигаро “ и „ Oror “. Писмото било во форма на отворено писмо наменето до претседателот на Франција Феликс Форе. Емил Зола бил осуден за клевета поради писмото во јуни истата година, но наместо да оди во затвор пребегнал во Лондон, каде што останува до падот на владата во октомври 1899 година. Покрај тоа, му било одземено и одликувањето „ легија на честа “.
На 22 септември 1902 година Емил Зола ( 62 години ) е пронајден мртов во својот кревет во Париз. Се задушил со чад во сон, за негова несреќа оџакот се запушил. Сопругата на Зола преживеала бидејќи паднала на кревет, а тој на под.
Ефектите од аферата Драјфус биле двојни. На виделина се изнел антисемитизмот кој бил присутен во Франција, но и во другите земји во Европа. Тој кулминирал со холокаустот во втората светска војна. Како реакција, се појавил ционизмот - единственото трајно решение за евреите да се ослободат од дискриминацијата го гледале во формирањето на сопствена држава.
Преку интервенцијата на Емил Зола, се покажала силата на новинарството како и влијанието на интелектуалците во општеството - тој успеал да покрене јавна дебата за човековите права и да помогне во ослободувањето на невино осудениот офицер. Она што Емил Зола во улога на новинар направил е тоа што ја докажал реалната страна на оваа благородна професија која што се стреми секогаш оној кој што сака да се занимава со истата треба да биде подготвен на секакви опасности- предизвици која сама по себе оваа професија ги носи со себе. Расветлуваќи го случајот ја открива етичата и професионалната страна на новинартсвото, и она што е најбитно открива дека човекот секогаш живее во заедница, се раѓа, обучува, израснува во некое општество. Во општествениот живот тој се вклучува со сите свои дејствувања - со работата, со другарувањето и со другите односи со блиските и ближните, со градењето семесјтво, со политичкото поврзување и одлучување, со својата забава како и со многу други форми на заеднича опстојба. Луѓето се трудат да воспостават добри заедници кои ќе им соодвестуваат и ќе им овозможуваат добро живеење, дејствување и напредок, а такви се и вредностите кои ги изградуваат за добрата заедница - да има добри односи меѓу луѓето во неа, да има закон во неа, а законските прописи да бидат современи и добри, во заедницата да има услови за живеење, работење, наука и образование, почитување, соработка а посебно помеѓу луѓето како личности. Самите луѓе треба да имаат вредности, норми и постапки кои се добри за заедничкиот живот.
Разгледувањето на случајот Драјфус се одликува со посебна и поучна сложеност, особено новинарството во разоткривањето на целиот случај. Има католички католизам кој упатува на ренесансната франција од времто на Јованка орлеанка и св. Луј - идентификувајќи ја партие, не со револуционерната визија, туку наспроти неа. ПОтеклото на ројалистичката лојалност е дамнешни. Насјтарата дама на црквата, како што и самата Франција се нарекува според официјалната канонска дефиниција на римокатоличката доктрина, се свртува против туѓинецот „ предавникот “, против вирусот за предавството, и тоа не само еврејското предавство туку, како што наскоро може да се забележи, против вирусот на агностицизмот и секуларизмот. Среде страсната свирепост на оваа афера нацијата повторно станува нешто многу поголемо од себеси - станувастадо. Нацијата не е секуларна случајност, нацијата е forma divina, отелотворен облик на Божјата волја на земјата. За Драјфус постои католички национализам, подеднакво силен. Неговата клучна фигура го наоѓа својот најсилен израз. Невиноста на Драјфус надминува каков било милитаристички или националистички интерес. Постои и агностички национализам против Драјфус, група секуларисти кои не бараат негова осуда во име на трансцедентната теологија или религиозната практика, туку исклучиво од попрагматични причини. Тие потсетуваатдека должноста на модерната политичка држава е да брани од предавство дека нејзино врвно задолжение е да бара лојалност. Токму овој агнотистички национализам ќе развие најмоќен аргумент, аргумент кој е средиште на многу расправи - дека осудата на индивидуата иако трагична, иако, во вој случај, веројатно неправедна, мора да биде толерирана бидејќи во спротивно самата нација ќе биде доведена во опасност. На крајот, ниеден индивидуален човечки живот неможе да биде противтежа на зачувувањето на националта држава во современиот конфликтен свет. Емил Зола преку Драјфусовата афера ја докажал загрозената праведна процедура, владеењето на законите на врвот на сите национални меки и, доколку луѓето не почнат да го согледуваат врвното значење на владеењето на законот, ќе следи пропаст. Во улога на новинар низ целиот тој кулминативен процес го разоткрил новинартсвото дека било на мета на политиката но и политиката на новинарството. Докажано е дека медиумите и политиката се сакаат, но и се мразат. Факт е дека припадниците на медиумите не се заедница сама за себе, туку тие претставуваат важен мост меѓу јавноста и лидерите на општеството на кое тие му служат. Во природата на политиката е тенденцијата да ги контролира новинарите но во случајот со Емил Зола се докажало спротивното.
Слободата на печатот се соочувала и ќе се соочува со обиди за ограничување насекаде. Сепак светот го движат иновациите, а со тоа и новинартсвото. Новинарите постојат за некого да му го направат животот удобен и среќен, некого да насолзат па дури и од ништо да направат нешто - да направат херој на кој сите ќе се поклонуваат. Некого да го разоткријат, да го откопаат реалното затаено во нереалното. Но! Да се вратиме тука, во сегашноста. Обесправени, изманипулирани а понекогаш и физички нападнати. Тоа е светот на новинарот!? А предизвикот се состои во тоа што, во секој напишан текст новинарот во современото општество потребно е да користи „ соодветен вокабулар “ за подигнување на пиедесталот, на хиерархијата, каде што доколку некој погрден збор биде употребен се доаѓа до случај „ Обвинет “.
Користена литература:
Прирачник за етиката во новинарството.................................................................ЗНМ
Етика во новинартсвото................................................................доц. д-р Дејан Донев
Постмодерна етика................................................................................Зигмунд Бауман
Современи етички концепции и денешните морални норми............ проф. д-р Кирил Темков
Говорење во етерот..........................................................................Џон Дирем Питерс
Историја на новинарството....................................................проф. д-р Томе Груевски
Животот на Емил Зола...............................................................................Филм (1937 )
Автор:
Сунаи Сабриоски