X
 08.04.2015 Живот

Општество на пропаганден - паноптичен спектакл

Оваа рефлексија е во пресрет на секојдневните настани во кои западна нашето општество по низата пресврти кои се наталожуваат секојдневно како одраз на пропагандата.Во обид на забременетиот зачеток на секојдневните грижи и конфронтации имам чувство дека најголемата грижа е таа изгубената во потрагата по бесмисленоста и анархичната алкохолизирана состојба на човечкиот мозок.Во општество каде што владее манипулацијата – препловено со реклами, политика, обиди да се продаде се и сешто и обиди да се влијае на човековата психа за поедноставно остварување на целите, доминира егоистичниот и расипан човек на Шопенхауер, па до успехот полесно се стигнува со итрина отколку со интелект.



Пропагандата е термин од латинско потекло ( propagera ), што значи размножувам, распростирам. Институционализирана е во времето на Папата Гргур 15 или Урбан 7 кога во рамките на католичката црква, на 7 јануари 1622 година, бил создаден Советот за ширење на верата – Congregatio de propaganda fidae. 1

Тоа што може да се заклучи на самиот почеток е дека пропагандата несвесно е тука со нас, бидејќи светот одамна живее во таа симулација кога сите мислиме дека носиме сами одлуки во однос на себе си и тој напсроти нас. Но, всушност тоа е чуден начин на таа пропаганда – хипнотизирано планско, организирано, смислено ширење на разновидни политички, културни, религиозни и други идеи, се со цел да се влијае на сфаќањето и однесувањето на луѓето, односно на нас восприемачите на пропагандата. А, тоа ќе остане така и не би мрднало од мртва точка се додека не развиеме сопствен став за нештата кои не опкружуваат секојдневно.

Тоа што е потрагично е дека пропагандата е создадена од нашиот говор, нашето мислење и нашата волја за моќ. Моќ преку која човекот сака да владее во борбата за освојување и покорување, притоа газејќи по етиката на другиот наспроти себе задоволувајќи ги сопствените нагони придобиени од восприемената пропаганда. Затоа, вели Бауман :“За среќа на човештвото, и покра јсите спротиставени напори на експертите, моралната совест - тој врвен потстрек на моралниот нагон и корен на моралната одговорност - беше самоанестезирана, не и ампутирана. Таа се уште е тука, можеби заспана, честопати зашеметена, понекогаш стивната од срам – но во состојба да биде разбудена, од тој Левинасов подвиг на отрезнување од пијаната кочанетост” 2 Додека Џорџ Орвел потенцира: „ Во лицето на болката не постојат херои“.  Во сооднос на размислувањето на Орвел можеме да кажеме дека нашето општество инсистира на „ херојство “ 3 кој што пак е одраз/ дел на концептот на пропагандата. Секоја идеја во себе е неутрална или барем би требало да биде, но човекот ја вдахнува – вдахнувајќи ги во својата страст, своето лудило како и копнежот по моќта. Така се раѓаат идеологиите, доктрините и крвавите фарси - идолатори по инстикт, ние ги апсолутизираме предметите на нашите сништа и на нашите интереси.

Автономијата од етички аспект е таа што дава слобода, а слободата е простор каде што секој себе си може да се види. Во таа смисла: „одговорноста е состојба и сфаќање на личноста во однос на својата (и општата) свест за задачите и на својата положба како носител на дејноста, но и состојба и облик на автокритичка објекција “ 4 но ова само чиста илузија поразена од црната пропаганда во која ние сме на некој начин полтрони дозволувајќи некој да управува со нас.

Но за да бидеме ние прифатени треба да припаѓаме некаде за да бидеме дел од општеството?

Дали треба да се биде во постојана битка, во постојан отпор кон големите нарации кои се наметнуваат како апсолутни вистини, односно пропаганда?Јасно е дека блокот на моќта владее со социо – културниот простор токму затоа што не ја наметнува својата идеологија со сила, туку со методот на експанизај и притисок кои ја принудуваат потчинетата група на смирено прифаќање на барањето на мнозинството при што барање во еден миг станува заедничко оневозможувајќи драстичност.

Пропагандата врз општеството може да доведе до немилосрдни случаеви – слични на тие кои што ја доживеале радијацијата. Преживеаните од радијацијата можеби ќе продолжат да живеат во имагинарен свет во кој што преку симболичен начин ке успеад да бидат победници на црната пропаганда.

    Автор: Сунаи Сабриоски
_____________________________________________________________________________

1Томе Груевски, Односи со јавноста ,2011, Студиорум – Центар за регионални истражувањаи соработка-Скопје/ стр. 113.
 Зигмунд Бауман, Постмодерна етика, Темплум, Скопје, 2005, стр. 430.
 Џорџ Орвел,1984, ИКОНА, 2012
 Дејан Донев, Етика во новинарството. УКИМ, Скопје, 2011, стр. 263.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот