X
 18.09.2015 Живот

Србија со кампања против врсничкото насилство "#DRUGNIJEMETA"

Mалолетници силувале девојче, претепано девојче во близина на училиштето – малку фалело да се здобие со трагични последици, ученик се самоубил после осумесечно злоставување – силувал другар од иста школска клупа, ова биле само некои од медиумските наслови последните неколку месеци низ српските медиуми.
 
Поразителен е податокот дека во секое школско одделеније секое второ дете било изложено на сексуално насилство, вербални напади дури 93%, додека 63% учениците трпеле физичко насилство. Низ разговорите со стручнаците, родителите и жртвите, се дошло до поразителни информации дека голем број на луѓе како врсничко насилство го третирале исклучиво физичкото пресметување.  Заканите и уценувањето биле проблематични дури за 87%, изолирани од групата се чувствувале дури до 57%, додека четвртина од учениците биле украдени.



Мотивирани од секојдневните врснички насилства, редкацијата на порталот SrbijaDanas.com  се впуштила во неколку месечно истражување на оваа тема која е од голема важност а за која многу малку се посветувало внимание.

Сакаме да делуваме превентивно и да ги освестиме надлежните институции за да го решат проблемот пред новинарите да го направат тоа, пред да ги пуштиме во јавност трагичните случаеви од српските училишта, ќе пробаме да ја инфрмираме јавноста за вистинските случувања, како и на учениците, наставниците и родителите да им укажеме на последиците од секој вид на насилство со кое децата денес се соочуват. – вели  Лилјана Вучетиќ маркетинг директорка на Србија Денес.
Најчести облици на дигитално насилство било испраќање на смс пораки со навредлива содржина, телефонско вознемирување, снимање со телефони а потоа ширење на навредливи видео снимки по друштвените мрежи, трачарење и ширење на лажни информации.

Со цел да се подигне свеста за проблемите поврзани со врсничкото насилство и да спречиме нови случаеви кои можат да остават белег за цел живот, започнавме со акцијата #DRUGNIJEMETA. – додава Вучетиќ.

Во продолжение погледнете го видеот материјалот кој е направен специјално з апотребите на кампањата #DRUGNIJEMETA


Подготвил: Сунаи Сабриоски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот