X
 07.07.2015 Економија

Што светските медиуми кријат во врска со Грција?

Секој мејнстрим медиум го има следниот наратив за економската криза во Грција: владата потроши многу пари и предизвика банкрот; дарежливите банки им дадоја пари, меѓутоа Грција се`уште не може да ги плати сметките бидејќи погрешно раководеше со парите кои ги доби. Звучи доста разумно, нели?

 

grcija


Освен дека тоа е една огромна лага - не само за Грција, туку и за другите европски земји како што е Шпанија, Португалија, Италија и Ирска кои имаат искусено различни степени на штедење. Ова е истата дебела лага искористена од банките и корпорациите за да се експлоатираат многу латино-американски, азијски и африкански земји многу децении наназад.

Грција самата не доживеа неуспех. Беше направено да доживее неуспех.

Накратко, грчката влада ги искористи банките и намерно ги турна во неодржливи долгови, за олигарсите и меѓународните корпорации да можат да профитираат од претстојниот хаос и беда.

Ако сте фанови на мафијашките филмови, знаете како мафијата презема еден популарен ресторан. Најпрво тие прават нешто со што ќе се наруши бизнисот - ќе исценираат убиство или ќе започнат престрелка. Кога бизнисот ќе започне да страда, Кумот великодушно ќе им понуди пари како знак на пријателство. За возврат тој ги добива парите од ресторанот итн.

За подобар поглед, да ја поделиме мафијашката приказна на меѓународните финансии во четири фази.

1 фаза: Првата и основната причина зошто Грција западна во неволја беше „Големата финансиска криза“ од 2008 година која беше замисла на Вол Стрит и меѓународните банкари. Ако се сеќавате, банките излегоја со одлична идеја за давање на хипотекарни хипотеки. Тие потоа ги спакуваа сите тие темпирани финансиски бомби и ги продаваа како „хартии од вредност со хипотека“ на за огромен профит на различни финансиски субјекти во земјите низ светот.

Голем овозможувач на оваа криминална активност беа S&P, Fitch и Moody's кои даваа одлични рејтинзи за неуспешни финансиски производи. Бескрупулозните политичари како Тони Блер беа платени од големите банки за да им ги продаваат овие опасни хартии од вредност на пензиските фондови и општините и другите земји ширум Европа.

2 фаза започна кога финансиските бомби експлодираа. Комерцијалните и инвестициските банки од целиот свет започнаа да се рушат во рок од неколку недели. Владите на локално и регионално ниво беа сведоци на тоа како нивните средства и инвестиции исчезнуваат. Хаос насекаде.

Во Грција домашните банки добија повеќе од 30 милијарди долари спас за грчкиот народ. Наводно неодговорната грчка влада мораше да ги спаси капиталистичките банкари.

3 фаза е кога банките ги принуди владите да прифатат големи долгови. За да ви ја доближиме ситуацијата да земеме биолошка метафора. Имате еден вирус или бактерија. Сите тие имаат уникатна стратегија за да го ослабат имунитетот на домаќинот. Една докажана стратегија искористена од паразитските меѓународни банкари е намалувањето на вредноста на обврзниците на земјата. Токму тоа го направија банкарите, започнувајќи од крајот на 2009 година. Тоа веднаш предизвика каматните стапки на обврзниците да одат нагоре, со што беше се` поскапо и поскапо за земјата да позајмува пари.

Од 2009 до средината на 2010 година, приносите на 10 годишните грчки обврзници речиси три пати се зголемија. Овој суров финансиски пад ја клекна Грција на колена, а банкарите го зедоја својот прв договор од долгот вреден 110 милијарди долари.

Банките исто така ја контролираат политиката на нацијата. Во 2011 година, кога грчкиот премиер одби да прифати втор масовен спас, банките го избркаа од канцеларијата и веднаш го заменија со потпретседателот на Европската централна банка. Без потреба од избори. Зае*и ја демократијата. И што направи овој нов дечко? Го потпиша секој документ што посакаа банкарите.

(Патем, веќе следниот ден се случи истото во Италија, кадешто премиерот поднесе оставка само за да биде заменет од банкарско полтронче. Десет дена подоцна, Шпанија одржа предвремени избори на кои победи банкарско полтронче.

Неколку месеци подоцна, во 2012 година, беше искористена истата манипулација кога грчките обврзници стигнаа до 50%. Овој финансиски тероризам веднаш го даде посакуваниот ефект: грчкиот парламент се согласи на втор масовен спас, дури поголем од првиот.

Тука постои уште еден факт кој повеќето луѓе не го сфаќаат. Кредитите не се едноставни кредити како оние кои ги добивате од кредитна картичка или банка. Овие долгови доаѓаат со многу обврски кои бараат приватизација на средствата на една земја.

4 фаза: Сега, силувањето и понижувањето на една нација под името „штедење“ и „структурни реформи“. За долгот на кој беше принудена, Грција мораше да продаде многу од нејзините профитабилни средства на олигарсите и меѓународните корпорации. А приватизациите се немилосрдни и вклучуваат се` што е профитабилно. Во Грција приватизацијата вклучуваше вода, електрична енергија, пошта, аеродромски услуги, национални банки, телекомуникации, услуги на пристаниште (што е огромно во земја која е светски лидер во превозот) итн. Се разбира, манипулативните банкари секогаш бараат итна приватизација на сите медиуми, што значи дека земјата добива фотогенични тв водители кои секој ден ги трујат луѓето со пропаганда дека алчните банкари се всушност спасители, а ропството под штедењето е многу подобро.

Во прилог на тоа, тираните банкари ја диктираат секоја ставка од буџетот на владата. Сакате да ги намалите воените трошоци? НЕ! Сакате да се подигне таксата на олигарсите или големите корпорации? НЕ!

Што се случува после приватизацијата и деспотизам од банкарите? Секако, приходите на владата се спушта, а долгот се зголемува. Како да го поправите тоа? Секако, со намалување на трошоците. Со отпуштање на вработените во јавниот сектор, намалување на минималната плата, намалување на пензиите, намалување на јавните услуги и зголемување на даноците. На пример, пензиите беа намалени на половина, а даноците за продажба зголемени повеќе од 20%. Сите овие мерки резултираа Грција да минува низ финаннсиска несреќа полоша од Големата депресија во Америка во 1930-те.

После сето ова, кое е решението од безмилосните банкари? Повисоки даноци. Повеќе намалени пензии! Потребно е да си психопат од посебен вид за да ја натераш земјата да штеди, што претставува еден вид на економски холокаус.

Ако секој Грк ја знаеше вистината за штедењето, тие немаше да паднат на ова. Истото важи за Шпанија, Италија, Португалија, Ирска и други земји кои поминале низ мерките на штедење.

Затоа време е Грците да се издигнат и да кажат не на алчните банкарски полтрони, паразитски банкари и корумпирани политичари. 

Извор: Filmsforaction
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија