Како што расте заканата од сајбер-нападите, така расте и потребата од експерти за сајбер-безбедност. Американското биро за статистика на пазарот на труд предвидува дека бројот на работни места во областа на сајбер-безбедноста ќе порасне за 32 отсто во следната деценија - многу побрзо од другите. Оваа професија важи за една од најпотценетите, а може да ви донесе и до 100.000 евра годишно.
Во моментов, во Америка има речиси 600.000 непополнети работни места во областа на сајбер-безбедноста, а на глобално ниво оваа бројка се искачува на високи 3,5 милиони, вели Лиза Гевелбер, главен маркетинг-директор на „Гугл“ за американскиот пазар.
Според нејзината процена, сајбер-безбедноста е една од најпрепорачливите професии.
Повеќето работни места во областа на сајбер-безбедноста бараат најмалку диплома за средно образование, како и онлајн обука. Некои од најпопуларните работни места за сајбер-безбедност вклучуваат безбедносни инженери, аналитичари за сајбер-безбедност и архитекти за безбедност. Иако секојдневните обврски се разликуваат за секоја улога, основните вештини се речиси идентични, нагласува Гевелбер.
Експертите за сајбер-безбедност се занимаваат со процена на ризик, решавање проблеми, следење внатрешни и надворешни закани и работа во рамките на ИТ-инфраструктурата на организацијата. Експертите за сајбер-безбедност тесно соработуваат со луѓе во други оддели, па затоа е важно лесно да се приспособуваат и потребно е ефективно да комуницираат и да ги објаснуваат нивните анализи.
Плата над 100.000 евра годишно
На секоја индустрија ѝ е потребен експерт за сајбер-безбедност, но особено се барани во финансискиот сектор, здравството и владата, вели Гевелбер.
Просечната плата за многу работни места надминува 91.490 евра годишно.
Просечната плата за аналитичарите за сајбер-безбедност е 102.468 долари, додека просечната плата за менаџерите за сајбер-безбедност е 150.107 долари.
Експертите за сајбер-безбедност можат да работат и од далечина, а платата им достигнува и до 182.980 евра годишно.
Фото: Freepik