X
 09.07.2015 Наука

Научни документарци кои истражуваат неконвенционални теории

Ви ги претставуваме најдобрите документарци кои истражуваат над мејнстрим нивото.

 

1


Man's right to know

 

Ова е 30 минутен документарец кој ја раскажува приказната за животот на Вилхлем Рајх и неговите откритија. Рајх (24 март 1897 година - 3 ноември 1957 година) бил австриски психоаналитичар кој бил познат по откривањето на оргонската енергија, животна сила која има електромагнетни својста. Иако мејнстрим науката не го има целосно подобрено неговиот концепт, сите знаеме дека оваа идеја постои во многу култури.


Where Science And Buddhism Meet

 

Овој краток документарец објаснува некои класични будистички идеи кои се поврзани со одредени научни поими. Авторот предлага дека клучот до будистичкото учење се другите начини на разбирањето на реалноста.


The Global Brain


 

Во ова фасцинантно видео, направено врз основа на аудио-визуелната презентација од 1983 година, Питер Расел ја истражува идејата дека Земјата е интегриран, само-регулирачки организам. Тука се поставува прашањето како човештвото е поврзано со планетата. Некои од областите вклучуваат: биосферата и еволуцијата на организимите, стабилноста на глобалните температури, соленоста на океанот и други фактори на животната средина кои влијаат врз животот на Земјата.


Athene’s Theory Of Everything

 

Овој научен документарец го подели онлајн мислењето во последниве години, можеби затоа што е произведен од гејмер, наместо од високо квалификувани научници, но тоа не мора да значи дека нејзините теории се невалидни.


Бачир „Чирен“ Боумаза, односно Атене е добро позната интернет личност, социјален активист и ексцентричен професионален гејмер. Една година пред неговиот филм да излезе во 2011 година, Атене исчезна од јавноста. За тоа време тој спроведувал истражувања во квантната физика, општиот и генералниот релативитет, невронските мрежи и метафизиката.

Reality And The Extended Mind

 

Овој документарец го истражува концептот на свеста од алтренативна перспектива. Конвенционалната мудрост претпоставува дека свеста може да се објасни во однос на нервните импусли кои се случуваат во мозокот, меѓутоа научниците кои се појавуваат во филмот мислат сосема различно. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука