X
 12.07.2015 Живот

Експертите најавуваат ледено доба помеѓу 2020 и 2030 година

Земјата треба да се подготви за доаѓање на нова мини ледено доба. Последното истражување тврди дека меѓу 2020 и 2030 година се очекува послаба соларна активност на сонцето.

 

зима


Тоа веројатно ќе доведе до постудени зими на северот на Европа и истокот на Америка. Сонцето во последните неколку децении е во период на висока активност, но тимот кој го сочинуваат британски и американски научници веруваат дека сега пости помеѓу 15 и 20% шанси за период на послаба активност во наредните години познат како соларен минимум.

Сонцето ќе биде во фаза како во периодот од 1645 до 1715 година познат како Маундер минимум кој имаше влијание врз глобалната клима, и е поврзан со многу студени зими во Европа. Поради големиот студ тогаш замрзна и реката Темза. Овој период се нарекува и мала ледено доба, а била проследена и со економска криза поради драстично намалување на производството на храна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот