Објавени се прелиминарните резултати од државната матура. Рокот за поднесување приговори ќе трае три дена. Тие што ќе имаат забелешка од резултатите треба да се обратат кај предметните комисии во училиштата и приговорите да ги поднесат во писмена форма.
Просечната оценка во јунската сесија, по сите предмети и во сите средни училишта е 3.37 и е повисока во однос на минатата учебна година кога средниот успех беше 3.11