X
 23.03.2015 Образование

Масовно семејно мамење на државната матура во Индија

Фотографијата покажува се'. Десетици луѓе се качуваат по ѕидови за време на тест во Бихар, а истовремено уште толку гледаат долу и го следат спектаклот. Кои се луѓето на ѕидовите?


Тоа се пријатели и роднини на учениците кои решаваат тест во училиштето за време на полагањето на државната матура. Тие се обидуваат да им помогнат да поминат на тестот со давање листови на кои се напишани одговорите.

Оваа сцена е позната во многу делови од Бихар за време на секој поголем тест. Министерот за образование изјави дека мамењето на тестовите не е дозволено во државата освен соработката на родителите на учениците.


Коментарите на министерот доаѓаат откако дури 500 ученици биле фатени како мамат и биле отпишани од училиштата во период од само два дена додека траеле државните тестови. Згора на тоа, биле уапсени седум родители.

Државната матура ја полагаат над 1,4 милиони ученици во земјата. Со нив обично има уште 3-4 луѓе. Соочувањето со 6-7 милиони луѓе не е лесно.

Експертите посочуваат дека проблемот лежи во лошиот квалитет на предавањето и начинот на тестирањето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование