X
 25.04.2023 Образование

Шаќири за најавениот штрајк на ДИЦ: Да не се доведува во прашање државната матура

Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши Општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири откако Синдикатот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) најави штрајк поради тоа што од Министерството за финансии не добиле согласност на Барањето за изменување и дополнување на Колективниот договор.

Во допис до медиумите тие вчера соопштија дека во случај на штрајк ќе биде доведено во прашање и полагањето на државната матура покрај другите тестирања што ги организира Центарот.

Шаќири потенцира дека сите имаат и правна одговорност со апел, како што рече, оваа институција да не ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура.

- Сите синдикати се вклучени во Општиот колективен договор. Значи и тие вработени што се дел од синдикатот УПОЗ јас ќе ги повикам зашто сите имаме законски обврски и кога се работи за државна матура, не може да го искористат моментот на државната матура за да ја постигнат целта. Целта на Владата е Општ колективен договор и подобри услови. - рече Шаќири.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование