X
 20.07.2015 Живот

Вечерва сигурно ќе сонувате еден од овие сништа

Доколку сте од оние луѓе кои никогаш не се сеќаваат на она што го сонуваат, веројатно статијата ќе биде бесполезна. Но, повеќето луѓе се сеќаваат дека сонувале како стојат голи пред група луѓе или дека некој ги лови. Што значат овие чести сништа?


Голи пред група луѓе

Ваквите сништа може да укажуваат на ранливост во некој аспект од животот. Тие може да значат и почеток со некоја личност, но и неподготвеност.


Паѓање

Ова може да значи тегоба или неудобност, а незнаењето каде паѓате може да значи несигурност во сопствената иднина или губење контрола на нешто. Доколку паѓате полека можеби сте успеале да се ослободите од нешто што ви пречело.


Смрт

Овие сништа симболизираат трансформација и личен развој или ослободување од лоша навика. Кога сонувате смрт на сакана личност тоа може да значи дека сакате да поседувате некој од неговите/нејзините квалитети.


Трчање

Кога некој неуморно ве брка, тоа може да значи дека некому не посветувате доволно внимание или одбегнувате нешто со што треба да се соочите.


Летање

Летањето често е симбол на слобода. Доколку во сништата летате без напор, тоа може да значи дека сте ослободени од некакво притисок во животот. Доколку имате пречки при летањето, некој или нешто ве држи подалеку од уживањето во слободата и успехот.


Прељуба

Ваквите сништа ретко се поврзани со изневерувањето. Најчесто се работи за чувство на несигурност, ниска самодоверба или страв од можна загуба.


Вода

Водата ги претставува вашите емоции. Доколку е чиста и тече без пречки, задоволни сте од животот кој го водите. Доколку е немирна, можеби живеете под притисок. Водопадот може да значи дека емоциите кои ги собирате во себе наскоро ќе излезат на површина.


Тест

Соновите со полагање тест може да укажуваат дека наскоро ќе се соочите со нешто ново или дека ќе треба да се докажете.


Губење заби

Губењето заби во сонот може да значи дека чувствувате неудобност или несигурност поради нешто што сте направиле во вистинскиот живот. Тоа може да значи и тегоба или грижа за сопствената сигурност.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот