X
 21.07.2015 Живот

Психолошки трикови за поголема продуктивност

Секој би сакал да биде повеќе продуктивен на работното место и во домот, но тоа е нешто што е полесно да се каже отколку постигне. Компанијата „Ат Таск“ открива во истражување дека работниците трошат само половина од работното време на продуктивна работа. „Машабл“ нудат неколку кратки и едноставни решенија за проблемот. Се работи за психолошки трикови за зголемување на продуктивноста.


Електронската пошта како игра

Просечното вработено лице денес троши 28% од неговото работно време на електронската пошта. Маркетинг тренерот Џорџ Као препорачува проверување на електронската пошта на секој час и во облик на игра, односно со задавање само неколку секунди за секоја порака. Со тоа се одбегнува заборавањето на пораките кои се оставаат неотворен.

Мечтаење

Мечтаењето честопати се поврзува со мрзеливоста и непродуктивноста, но истражувачите тврдат дека малку мечтаење помага во зголемувањето на продуктивноста. Имено, мозокот во релаксирана состојба е поспособен за наоѓање креативни решенија за комплицирани проблеми.

Гласен разговор со себеси

Зборувањето за проблемите или проектите на кои се работи на глас може да помогне во решавање на проблемите на пофокусиран начин, особено кога имате премногу обврски.


Намалете ги роковите

Имено, истражувачите откриле дека луѓето кои ги претвораат роковите од години во денови се попродуктивни и побрзо започнуваат да работат на нив.

Слики од природа

Одморете со кратко гледање во слика од природа. Ново истражување открива дека ова помага во решавањето проблеми без грешки и ја подобрува ефективноста.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот