Американската компанија „Селестис“, позната по лансирањето меморијални летови во вселената, сега планира да испрати посмртни останки на четворица поранешни американски претседатели во вселената, а мисијата ќе биде извршена оваа година.
Компанијата постои повеќе од две децении, па дури била ангажирана од американската вселенска агенција НАСА за да му оддаде почест на научник во нејзино име. Овој пат мисијата на компанијата ќе достигне до длабоката вселена, подалеку од локацијата на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.
Летот, наречен „Ентерпрајс“, ќе ги однесе посмртните останки на претседателите подалеку од системот Земја-Месечина и ќе им се придружи на другите планети, месечини, астероиди и комети на своето „бесконечно патување низ космосот“.
Во вселената ќе бидат испратени посмртните останки на поранешните претседатели Џорџ Вашингтон, Роналд Реган, Џон Кенеди и Двајт Ајзенхауер. Освен останките на поранешните претседатели, во вселената ќе бидат испратени и посмртните останки на Џин Роденбери, неговата сопруга Мајел Барет Роденбери, синот Јуџин и некои други членови на актерската екипа на франшизата „Ѕвездени патеки“.
Од компанијата објасниле дека се користи технологија за чување ДНК за да нема опасност од деградација на останките во вселената.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay