X
 06.05.2024 Живот

Ви се чини дека времето брзо ви поминува? Постои начин привидно да го забавите

Можеби сте забележале дека како што стареете, годините ви летаат сѐ побрзо. Не сте сами, нашата перцепција за времето значително се менува како што старееме.

Важно е прво да разбереме зошто ни се чини дека годините минуваат толку брзо. Една од причините е тоа што како што старееме, календарските единици како една година стануваат сѐ помал дел од нашиот живот.

Другата причина е тоа како нашите сеќавања влијаат врз нашето искуство со времето.

Човечкиот мозок не е програмиран постојано да го следи времето и затоа, кога треба да пресудува за подолги временски периоди, како што се денови, месеци или години, го користи бројот на спомени формирани во тие периоди, како водич за тоа колку долго периодите траеле.

Земете предвид дека имаме тенденција да создаваме многу помалку нови спомени подоцна во животот, во споредба со помладите години. Како дете, постојано сте учеле нови вештини на воннаставните активности, сте стекнувале нови знаења на училиште, сте запознавале нови луѓе на часовите и сте правеле различни, возбудливи работи во вашиот секојдневен живот. Меѓутоа, како што стареете, генерално имате помалку нови искуства и може да бидете заглавени во слична рутина со години, со што животот изгледа застарен, истрошен.

Барањето нови искуства е клуч за забавување на времето

Можете да вежбате секојдневно и да се храните здраво и да живеете долг живот. Многу е важно редовно да ги менуваме рутините, да одиме на одмор на егзотични места и да имаме што повеќе нови искуства. Создавањето нови спомени го продолжува психолошкото време и ја продолжува нашата перцепција за животот.

Слично на тоа - и когнитивното оптоварување потребно за да научиме нова вештина може да влијае врз начинот на кој го доживуваме времето.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот