Рон Џонс е наставник по историја во Елвуд Каберли средното училиште во Пало Алто, Калифорнија. Кога неговото одделение учело за Втората светска војна, еден од учениците го прашал Џонс како обичните Германци можеле да се преправаат дека не знаат ништо за концентрационите логори и масовниот геноцид во нивната земја.
Со оглед на тоа што Џонс бил понапред со материјалот, решил да спроведе експеримент кој траел една недела посветен за овој предмет.
Понеделник
Во понеделник, Џонс им одржил предавање на учениците за моќта на дисциплината. Тој им кажал на учениците да внимаваат, да станат и да стојат, и потоа да седнат во нова положба. Потоа тие морале да ја напуштат училницата неколку пати и тивко да се вратат на нивните места. На учениците им се допадна оваа „нова“ игра, и тие ги следеле инструкциите со ентузијазам. Кога Џонс им рекол на учениците да дадат јасни и живи одговори на неговите прашања, секој од нив го слушал, дури и оние кои претходно биле пасивни за време на часовите.
Вторник
Кога Џонс влегол во училницата во вторник, тој ги пронашол учениците како седат на своите места. Некои од нив се смешкале. Други гледале право: без знаци на насмевка, идеи, па дури и прашања.
Џонс повторно објаснувал за моќта на општеството и на учениците им го соопштил новото мото: „Силата преку дисциплината, силата преку општеството“. На крајот од часот Џонс им покажал поздрав кој морале да го користат - свиткана десна рака подигната со висина на рамото наречена „Поздрав на третиот бран“. Учениците се поздравуваа така следните неколку денови.
Среда
Во среда, 13 ученици не биле присутни на другите часови за да учествуваат во експериментот. Џонс на сите ученици им дал членска книшка и ставил црвени крстови само на тројца од нив им рекол дека имаат посебна одговорност да му кажуваат доколку некој не ги почитува правилата во училницата. 20 ученици го известувале Џонс што се случувало, а еден од нив дури и се понудил да биде негов телохранител.
Тројца од најуспешните ученици во училницата им кажале на родителите за експериментот. Поради тоа, Џонс добил повик од локалниот рабин, кој се согласил со неговиот експеримент откако Џонс му кажал дека ги учи учениците германски вид на личност. Џонс бил екстремно разочаран од недостатокот на отпор, дури и од возрасните. До крајот на денот повеќе од 200 ученици биле примени во организацијата. Многу од нив го сфатиле сериозно експериментот и бараа од другите да ги почитуваат правилата, и ги исмејувале другитe кои мислеле дека „Третиот бран“ е само игра.
Четврток
До четврток, во неговата училница имало 80 луѓе. Во тој период Џонс го објаснил значењето на гордоста: „Гордоста е повеќе од знамиња и огномет. Гордоста е нешто што никој не може да ви ја одземе. Да се биде горд значи да се биде најдобар. Ова чувство не може да биде уништено“. Тој им рекол на учениците дека се дел од национална младинска програма чија цел била политички промени за доброто на народот. „Се' што направивме досега беше подготовка на вистинското нешто. Вие сте избрана група на млади луѓе кои ќе помогнат во целта. Ако покажете што сте научиле во изминативе четири дена, тогаш ќе имаме можност да ја промениме судбината на нашиот народ“.
Потоа тој им кажал дека во петок на пладне новиот лидер на нивното движење и еден кандидат за претседател ќе го објават „Третиот бран“ на телевизија.
Петок
Вo петок, 200 студенти се појавиле во училницата. Џонс ги поканил неговите пријатели да бидат фотографи. Тој се поздравил и рекол дека сака да им покаже на новинарите колку тие се дисциплинирани. 200 ученици веднаш станале и се поздравиле, во еден глас кажувајќи го мотото, повторно и повторно. Во 5 часот Џонс го пуштил телевизорот, но ништо не се појавувало на екранот.
„Слушајте внимателно. Не постои лидер! Не постои национално младинско движење наречено „Третиот бран“. Со вас беше манпулирано, бевте натерани од сопствената амбиција. Не сте подобри од оние Германци за кои учевме. Мислевте дека сте избрани, дека сте подобри од оние кои не се во оваа училница. Ја продадовте вашата слобода за погодност дадена од дисциплина и супериорност. Одлучивте да ги напуштите сопствените верувања и да ја прифатите волјата на групата и една голема лага“.
После тоа, Џонс на учениците им пуштил филм за нацистичка Германија со дисциплината, парадите, поворките и како сето тоа завршило.
Резултатот
„Ако успеавме целосно да го репродуцираме германскиот менталитет, тогаш никој од вас нема да признае дека тој/таа присуствувал/а на последниот собир на „Третиот бран“. Исто како Германците и вам ќе ви биде тешко да признаете дека сте отишле толку далеку“.
Откако Џонс го завршил неговиот говор, сите учениците биле погодени, а некои дури и започнале да плачат.