X
 16.09.2015 Технологија

Како да ги скриете фотографиите од вашиот телефон?

Не би сакале сите што ги познавате да ги гледаат фотографиите кои ги имате на телефонот? Доколку поседувате ајфон, спасот е на еден клик од вас.


Апликацијата „Private photo“ прави вашиот телефон да изгледа како обичен дигитрон. Истата е направена за да им овозможи на корисниците чување на приватна архива од фотографии до која не може да стигне никој освен самите тие.

Доколку се внесе правилната комбинација на броеви на дигитронот, апликацијата ги открива сите скриени фотографии во телефонот. Освен тоа, апликацијата овозможува и нови фотографии за тајната архива.

Апликацијата е бесплатна и може да се преземе ОВДЕ.

Во видеото гледаме како се користи оваа апликација.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија