X
 10.08.2015 Наука

Астрономите за четврток најавуваат спектакуларен метеорски дожд

ѕвезди

 

Ѕвездите кои паѓаат обично се појавуваат на небото во август, ќе кулминираат со свој огномет во текот на ноќта во четврток кога стотици од нив на секој час ќе го прелетуваат темното небо, ветувајќи незаборавно искуство.


„Оваа година претставата ќе биде спектакуларна“, вели Морган Холис, астроном од британското кралско астрономско друштво. За оваа незаборавна сцена која ќе може да се види од сите делови на нашата планета, треба да и` се заблагодариме на Перзеиди, фрагмент од кометата Свифт-Тутл која секоја година се вкрстува со орбитата на Земјата од средината на јули до средината на август.

Оваа година Перзеиди најдобро ќе може да се види на 12 и 13 август, кога Земјата буквално ќе се најде во средината на нивниот облак. Феноменот може да се следи скоро две недели, колку што на Земјата и` е потребно да помине низ метеорскиот дожд. Овој дожд е огромен облак долг околу милион километри, со милијарди ситни парчиња од комети. „Ова ќе го гледаме со години - вистински извор на ѕвездите“, додава научникот.

Среќна околност е тоа што Месечината оваа година нема да се гледа, па нејзината светлина нема да пречи во набљудувањето. Научниците велат дека најдобро е да се гледа со голо око - воопшто не се потребни двогледи ниту телескоп.

Метеорите се активни за време на топлите летни месеци. Голем дел од нив паѓаат во морето и планините. Во текот на ноќта од 12 кон 13 август максимум можете да видите до 50 метеори во еден час.

Перзеиди го добија името по соѕвездието од кое потекнуваат - Перзеј. Сепак, немојте да ги барате во Перзерј бидејќи можат да се појават било каде на небото. Небото обично најтемно е во зенитот, па удобно сместете се на лежалката и уживајте. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука