Постојат некои правила во англискиот јазик кои ги учиме сите уште од прво одделение и кои се запишани и во граматиките и сите учебници по англиски јазик, меѓутоа постојат и некои непишани правила кои луѓето ги применуваат во нивниот секојдневен говор и покрај тоа што никаде не ги пишува. Ова се некои од нив.
1. Редоследот на придавките
Метју Андерсон, авторот на книгата „The Elements of Eloquence“ неодамна на Твитер објави еден дел од неговата книга во која објаснува дека придавките во англискиот јазик мораат да бидат во следниот редослед: мислење-големина-возраст-форма-боја-дизајн-потекло-материјал-цел именка.
2. Аблаут редупликација
Ова е правило кое се однесува кога ќе повторите збор со различна самогласка - „Kong King“, „Cross-Criss“.
Непишаното правило на аблаут редупликација вели дека ако постојат три зборови, редоследот мора да е I, A, O, а ако има два зборови тогаш првиот е I, а вториот е А или О.
3. Времиња
Сигурно на училиште сте ги учеле Present Simple, Present Perfect Simple, условните реченици, Present Progressive итн.
Во англискиот јазик постојат 12 времиња - обидете се да ги наброите без да го искористите „Google“.
4. Акцент на зборовите
Кога читате поезија, дури и ако не се римува, вие природно тоа го правите со ритам. Причината за тоа е нашето барање за ритми во реченицата и точки на акцент.
„de-DUM-de, de-DUM-de, de-DUM-de“
5. Таканаречени „потпора“ зборови
Овие зборови најчесто се користат како поткрепа на целата реченица и обично немаат значење или вредност. Во
англискиот јазик ваков е зборот „like“.
Пример: „You are like the best, like the most awesome person in the whole world“.