Низ светот има многу неверојатни згради, а дел од нив се во Дубаи. Меѓутоа, овој град работи на проект кој предвидува изградба на зграда што ќе биде уникатна на повеќе начини.
Во Дубаи ќе се гради зграда во облик на штипка и ќе биде најголемото
уметничко дело во светот кога ќе биде готова. Зградата ќе биде голема верзија на познато уметничко дело од израелскиот уметник Зајго.
Уметникот се надева дека најголемото уметничко дело ќе биде симбол на љубов, мир и надеж.
Зградата ќе има 40 ката и ќе биде поделена на два дела - еден што ќе биде луксузен хотел и друг со луксузни станови, како и трговски центри, галерии, ресторани и многу повеќе. Зградата треба да почне да се гради во 2023 година.
Автор: Ниха Тандон Шарма
Извор:
luxurylaunches.com
Фото: Twitter