X
 11.08.2015 Технологија

Компанијата "Google" станува суперкомпанија "Alphabet"

„Google“, компанијата која ги поседува „YouTube“, „Android“ и „Chrome“ се организира одново. Наместо масивната суперкомпанија „Google“, отсега ќе биде масивна суперкомпанија наречена „Alphabet“, со тоа што „Google“ ќе биде најголемата ќерка-компанија.


Според објава на блогот на извршниот директор на „Google“, Лари Пејџ, тој сега ќе биде извршен директор на новата компанија, а новата структура овозможува понезависно менаџирање на одделните компании кои беа во сопственост на суперкомпанијата.

Сергеј Брин, претседателот на „Google“, ќе биде претседател на „Alphabet“, додека Сундар Пичај ќе биде новиот извршен директор на „Google“.


„Google“ ќе биде намалена и ограничена на интернет-услуги. Новата суперкомпанија ќе биде одговорна за проектите, како оној за носење интернет со автономно летало. Промената на положбите ќе се случат подоцна годинава.



Зошто името? Пејџ вели дека азбуката (alphabet = азбука) e основен дел од функцијата на „Google“ и основата на нивниот успех.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија