X
 03.07.2023 Живот

Компанија нуди стан за еден месец во Њујорк и годишно снабдување со храна за кандидати што нема да јадат месо

Вегетаријанска компанија ќе им плати кирија за еден месец и ќе им обезбеди годишно снабдување со храна на оние кандидати што ќе сакаат да се вселат во два апартмани во Њујорк. Условот? Да не јадат и да не приготвуваат месо во становите.

Компанијата „Морнингстар фармс“ сака да им помогне на идните станари така што ќе им ја плати киријата за еден месец и една година ќе ги снабдува со сопствени вегански прехранбени производи.

Иако станот нема да биде привлечен за поголемиот дел од луѓето што јадат месо, во Њујорк има сѐ поголем број вегани.

Се смета дека во градот има околу 1.000 ресторани со вегански опции, а дури и градоначалникот следи претежно растителна исхрана. Минатата година тој овозможи веганската храна да биде стандард во болниците, а во март прогласи и празник без месо. Освен тоа, во 1.700 училишта беше започнат „вегански петок“ со цел да се подобри јавното здравје.

Извор: Plantbasednews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот